четврток, 27. февруари 2020. Вести денес: 18
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Скопската полиција упадна во селото Грчец: Од ова ли се плашеше СДСМ кога беше против именувањето на Ставревски?

Скопската полиција упадна во селото Грчец: Од ова ли се плашеше СДСМ кога беше против именувањето на Ставревски?

Дали акциите на СВР Скопје против мафијата беа главната причина поради која именувањето на Ристо Ставревски за началник на СВР Скопје им пречеше на СДСМ?

Скопските полицајци направиле акција во селото Грчец, вчера, и поднеле кривична пријава против две лица, роднини, кои се сомничат за недозволено поседување и тргување со огнено оружје.

Зекирија Љ. (34) бил веднаш уапсен и судија на претходно постапка му изрекол мерка притвор во траење од 30 дена, додека вториот осомничен Абдулрахим Љ. (40), не бил пронајден. Но, и него по забрзана постапка му била поднесена кривична пријава за недозволено поседување и тргување со огнено оружје.

Акцијата на СВР Скопје уследила по настан на 7-ми декември, лани, кога во селото било откриено и запленето оружје.

Според полициски информации, двајцата жители на скопското село Грчец биле познати како сторители на кривични дела од областа на насилниот криминал и недозволената трговија со дрога и оружје.

Професионалецот Ставревски беше мета на бројни критики од страна на функционерите на СДСМ.

Најблиската соработничка на Спасовски, сега заменик-министерка во МВР, Славјанка Петровска не ја потпиша одлуката за назначување на Ристо Ставревски за шеф на Секторот за внатрешни работи во Скопје.

Сепак, законот победи, па Ставревски дојде на функцијата и веднаш ги превзема работите во свои раце.

Дали овој човек беше пречка на СДСМ бидејќи власта многупати досега го штитеше криминалот, останува отворено прашање.