понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 67
home Вести

СКОПЈЕ ВО ТОП 3 ВО СВЕТОТ: Главниот град на Македонија енормно загаден, граѓаните се гушат (ФОТО)

СКОПЈЕ ВО ТОП 3 ВО СВЕТОТ: Главниот град на Македонија енормно загаден, граѓаните се гушат (ФОТО)

Загаденоста на воздухот во Македонија е на алармантно високо ниво. Главниот град денеска на трета позиција на ранг листата на најзагадени градови во светот.

Веќе со денови, градови од Македонија се најзагадени во светот.

Граѓаните се гушат и апелираат до власта да започне со преземање на мерки со кои ќе се спречи загадувањето.

Граѓаните на социјалните мрежи апелираат дека време е власта да се разбуди, за да не биде како минатата година кога граѓаните се гушеа во загадениот воздух, а надлежните си ја префрлаа одговорноста од институција на институција.

Инаку, со намалувањето на температурите, се очекува и загаденоста да биде зголемена.

Македонија има огромни проблеми со загаденоста, особено во градовите Битола, Тетово, Скопје, Куманово, но загаденост е присутна и во другите градови.

Најнови вести

Коронавирус