сабота, 22. февруари 2020. Вести денес: 52
home Вести

Скопје утрово меѓу петнаесетте најзагадени градови во светот

Скопје утрово меѓу петнаесетте најзагадени градови во светот

Според Ер вижуал, специјализираната интернет страница за следење на квалитетот на воздухот, Скопје утрово е на единаесеттото место во светот според нивото на загаденоста.

На страницата рангирањето се врши според збирните податоци од мерните станици поставени во светските градови кои се соочуваат со лош квалитет на воздухот.

Синоќа Скопје беше меѓу десетте најзагадени светски градови.

Нивото на пм10 честички во возухот е неколкупати над дозволената граница. Мерењата презентирани на оваа апликација највисоко ниво на загаденост покажуваат кај ректорат и во Карпош.