Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“, 24 Мај 2022 година (вторник), е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Од Министерството на сите граѓани во Република Северна Македонија им го честитаат празникот.
Инаку многумина граѓани си го споија и денешниот ден со утрешниот, па така одмораат четири дена.
Утрово Скопје е речиси празно, а на улиците го нема вообичаениот понеделнички метеж и гужви.