недела, 1. август 2021. Вести денес: 0
home Вести

Скопје со најголем број активни случаи, во Македонија вкупно 5016 позитивни на коронавирус

Скопје со најголем број активни случаи, во Македонија вкупно 5016 позитивни на коронавирус

Бројот на позитивни на коронавирусот во државава се искачи на 5106, а досега починаа 238 лица. Вчера беа регистрирани 101 нов случај на КОВИД-19, од направени 776 тестирања и пет починати. Институтот за јавно здравје вчера регистрираше 22 оздравени пациенти од кои 11 од Скопје, 10 од Тетово и еден од Велес. Бројот на активни случаи на ниво на држава е 2 942.

Од вчерашните регистрирани нови 101 случај на КОВИД-19 во државата, согласно вчерашните податоци, најголемиот број, 57, се од Скопје, со што вкупната бројка на заразени во главниот град достигна 2 498, а активни се 1 699.

Чаир и натаму останува општина со најмногу заразени. Заклучно со завчера, бројот на позитивни на коронавирусот е 384. Во Гази Баба, Бутел, Аеродром, Центар, Карпош и Сарај, бројката се движи околу 150 заразени.

На Инфективната клиника вчера биле примени пет пациенти, хоспитализирани се 95 пациент, од кои на кислородна поддршка се 45. Во ГОБ „8 Септември“, пак, вчера биле примени девет нови, а вкупно се хоспитализирани 133 пациенти ( седум се на респираторна машина) Во болницата во Битола има 35 пациенти, во болницата во Штип 18 пациенти, а на инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп 81 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Викендот и Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле, покрај за деца, почна да функционира како Ковид-19 центар за прием и на возрасни. Во Институтот располагаат со 70 легла, од кои 15 се наменети за деца. Во него ќе бидат сместени возрасни пациенти со полесна или средна клиничка слика. Институтот засега располага со кислородна линија, но нема респиратор, кој е потребен за потешките случаи. Тимот во „Козле“ се зајакнува со дополнителен персонал од лекари, осум интернисти и двајца професори од Инфективната клиника.

Коронавирус