понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 165
home Вести

Скопје преплавено со пораки: Заев и СДСМ се црнила за Македонија (ФОТО)

Скопје преплавено со пораки: Заев и СДСМ се црнила за Македонија (ФОТО)

Низ цело Скопје утрово осамнаа транспаренти на речиси сите поголеми раскрсници. На нив, граѓаните упатуваат пораки до владата предводена од СДСМ.

Имено, граѓаните на платна испишаа дека СДСМ и Зоран Заев се црнилата во Македонија.

Не е прв пат скопјани со овие зборови да се обратат кон премиерот и неговата партија, а со нив јавно го искажуваат  своето незадоволство кон политиките.

Економијата секојдневно тоне, а во разни сегменти таа се одразува на буквално секој граѓанин.

Големи загуби се бележат и во земјоделството. На терет на земјоделците паднаа погрешните политики на Владата на СДСМ и Зоран Заев. Сезоната за откуп, за земјоделецот во Македонија стана вистинска голгота. Земјоделците се извисени, па наместо 50% ќе добијат само 30% поддршка за поевтин енергенс.

Девастирано е и  целото образование. Студентите во домовите преживуваат голгота.

Пад во сите сектори. Граѓаните јавно го искажуваат незадоволството за крахирањето во државата направено од страна на власта.

Коронавирус