четврток, 2. јули 2020. Вести денес: 217
Во живо

Мицкоски на средби со граѓаните во Тетово

home Вести

Скопје, Куманово, Тетово, Прилеп, Велес и Штип со најмногу случаи на коронавирус – 765 од вкупниот број на заразени се без симптоми

Скопје, Куманово, Тетово, Прилеп, Велес и Штип со најмногу случаи на коронавирус – 765 од вкупниот број на заразени се без симптоми

Вкупно 89 нови позитивни случаи на коронавирус од 9 градови во државата се регистрирани во текот на вчерашниот ден. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (39,3%) и Штип (30,3%).

Од вкупниот број на тестирани, 312 припаѓаат на таргетираниот скрининг во градинките и домовите за стари лица (Скопје и Прилеп), а регистрирани се 3 позитивни случаи во домови за стари лица, еден вработен здравствен работник и два штитеници. Случаите од Штип и Кочани припаѓаат на ист кластер на вработени во конфекција во Штип.

Според информациите од Институтот за јавно здравје најзастапена е возрасната група од 30-39 години со 27 позитивни. Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 48 лица од женски и 41 од машки пол.

Вчера пријавени се 7 смртни случаи, од Скопје, Куманово, Тетово и Струга. Случаите се на возраст од 44-83 години, сите со присутни симптоми. По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2, како оздравени се водат 17 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Вкупниот број на заболени лица од коронавирус во Македонија е 2.315 случаи.

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на Ковид-19 се регистрирани во 31 град/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел од нив се регистрирани во Скопје, Куманово, Тетово, Прилеп, Велес и Штип.

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 1.123 машки и 1.192 женски лица.

Возраста на заболените се движи од 0 до 94 години (просек – 44,5 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 500 (21,6%), кај возрасната група од 50-59 години има 470 заболени. Кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години се пријавени 97 и 113 случаи соодветно.

Од пријавените случаи, 25,1% (n=582) се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите биле/се на домашно лекување, асимптоматски или со полесна клиничка слика.

Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ (КИБФС, ГОБ 8-ми Септември, Клиничка болница Битола, Општи болници Прилеп, Куманово и Гостивар), моментално се хоспитализирани 90 лица, а од нив 21 е на кислородна поддршка и 9 на механичка вентилација.

Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (65,3%), кашлица (52,6%), малаксаност (39,7%), треска (18,9%), главоболка (15,4%), отежнато дишење (14,7%) и болка во грло (14,3%).

Кај 765 или 33,0% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето. Од нив, 575 или 75,2% имале контакт со веќе потврден случај во државата.

Пријавени се 22 (1,0%) случаи кај бремени жени, од кои 7 биле хоспитализирани во текот на болеста. Дванаесет од регистрираните се асимптоматски случаи.

Регистрирани се 268 (11,6%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Во земјава регистрирани се 140 смртни случаи, а најголем дел се на возраст над 60 години (n=90) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет. Регистрирани се 96 смртни случаи кај лица од машки и 44 кај лица од женски пол. Регистриран е по еден смртен случај кај здравствен работник и бремена жена. Девет (6,4%) од пријавените случаи починале во вонболнички услови, а останатите 131 (93,6%) починале за време на хоспитализација.

Во земјава од почетокот на појавувањето на коронавирус извршени се 30.302 тестирања.

Според исходот од заболувањето, 606 лица (26,2%) се активни случаи, 1.569 случаи (67,8%) се водат како оздравени (242 од нив се здравствени работници и 12 се бремени жени), испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување. Од случаите кои се водат како оздравени, 345 (22,0%) биле хоспитализирани додека останатите 1.224 (78,0%) биле на домашно лекување.

Парламентарни избори 2020