среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 158
home Вести

Скопје, Куманово, Тетово и Прилеп со најмногу активни случаи на коронавирус, вчера починаа 7 пациенти

Скопје, Куманово, Тетово и Прилеп со најмногу активни случаи на коронавирус, вчера починаа 7 пациенти

Нови 186 позитивни на коронавирус од 1674 тестирања вчера беа регистрирани од Министерството за здравство. Седум починати и 85 оздравени, е билансот од претходното деноноќие.

Вчера беа регистрирани тројца пациенти од Делчево (43,60 и 78г), еден пациент од Куманово (53г), двајца пациенти од Струга (68 и 70г), еден од Гостивар (61г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16.274, бројката на оздравени пациенти е 13.635, на починати е 675, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.964.

Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна: Скопје активни 564, Куманово -215, Тетово – 134, Прилеп-119, Штип- 72, Струга – 65, Битола – 57, Гостивар – 94, Гевгелија активни 56 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани), Струмица – 77, Кочани – 76, Делчево – 75 (29 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица). Во другите градови активни се под 50 лица.

На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 75 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 3 деца и 3 мајки позитивни на ковид-19, 4 деца и 4 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ вкупно хоспитализирани се 34 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 19, а во болницата во Штип се хоспитализирани 44 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 155, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Во Скопје најмногу активни случаи има во општина Аеродром – 83, Центар – 82, Гази Баба – 75, Карпош – 71, Кисела Вода и Чаир по 52, Бутел – 33, Ѓорче Петров – 28, Сарај – 17, Шуто Оризари – 14, Илинден – 12. Во другите општини има помалку од 10.

Коронавирус