вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 134
home Вести

Скопје денеска повторно во топ 5 најзагадени градови- Македонија единствена земја во светот во која болниците го загадуваат воздухот

Скопје денеска повторно во топ 5 најзагадени градови- Македонија единствена земја во светот во која болниците го загадуваат воздухот

Со доаѓањето на студот во Македонија повторно се актуализира една од најгорливите теми за граѓаните на речиси сите градови во Македонија.

Веќе со денови Македонија е на врвот на листата на најзагадени градови во светот.

Откако на првото место овој викенд се најде Куманово, а Скопје на 10-то место, денеска сликата е иста, а Скопје се наоѓа во првите пет најзагадени градови во светот.

Власта која ветуваше живот за сите во Македонија очигледно и оваа зима ќе ја преспие, а граѓаните мака ќе мачат со справувањето со загадениот воздух наместо тоа да го преземе Министерството за животна средина.

Инаку вчера граѓаните на Карпош се пожалија бидејќи повторно нешто се гори и не се дише, а од општината и Град Скопје ништо не преземаат.

-Тони еве ги пак горат нешто, смрди не се дише, а од општина Карпош и Градот со прст не мрдаат- возбудено и изреволтирано ми пренесе Цобе, од кејот во Карпош. Видеата се во прилог, напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Карпош, Тони Јаревски на Фејсбук, споделувајќи и видеа.

Инаку повеќето скопски општини и македонски градови ова лето континуирано беа загадени, а со тоа паднаа и сите изјави и тези на заменик министерот за животна средина Јана Макрадули кој велеше дека загаденоста ја има само во зимо бидејќи домаќинствата се греат непрекинато.

Истите овие бледи изјави се очекува власта да ги применува и оваа зима.

Инаку веќе два дена социјалните мрежи буквално „вријат“ откако општината објави дека загаденоста во Куманово била предизвикана од затоплувањето на мазут кое го користела здравствената установа.

По одговорот од општината дека за кратко време состојбата се нормализирала и дека проблемот го детектирале во затоплувањето на мазут кое го користела здравствената установа, на социјалните мрежи се појавија коментари дека Македонија е единствена држава во светот каде болниците предизвикуваат загаденост на воздухот.

Сличен проблем на почетокот на годината имаше и гинекологија Чаир која исто така се загрева на мазут го загадуваше воздухот во овој дел од градот. Здравствените власти тогаш најавија итна гасификација на второто најголемо родилиште во земјава, но тендерот беше стопиран.