понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Скопје: 9 пациенти хоспитализирани во ковид центрите за 24 часа

Скопје: 9 пациенти хоспитализирани во ковид центрите за 24 часа
МИА

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 9 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 260 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 5 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало два нови приеми на пациенти, исто колку и на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 8 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 22 пациенти, на Клиниката за неврологија 28 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 16 пациенти со симтоми на корона вирусот.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 76 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 85 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 30 пациенти, на ГАК три пациентки.

Вкупно 260 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

ЕУРО 2020

Македонија