четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 124
home Вести

Скопјани три дена ќе останат со послабо парно

Скопјани три дена ќе останат со послабо парно

БЕГ ги известува своите потрошувачи дека, согласно најавените ограничувањa на испораката на природен гас од дистрибутерот АД ГА-МА, во периодот од 27 до 29 октомври, можни се редукции на испораката на топлинска енергија преку системот за централно греење.

Овие редукции нема да влијаат на комфорот на потрошувачите, односно нема да има значително намалување на внатрешната температура во објектите, соопштија од БЕГ.

Причина за ограничување на транспортот на природен гас, како што извести АД ГАМА, е изведување ремонтни зафати за време на грејниот период на транзитниот гасовод од Бугарија кон земјава, што ќе ги извршува бугарската комапнија „Булгартрнасгаз ЕАД“.

Коронавирус