недела, 11. април 2021. Вести денес: 0
home Вести

Скапиот ПР кој го КАПИТУЛИРАШЕ Венко Филипче

Скапиот ПР кој го КАПИТУЛИРАШЕ Венко Филипче

Можеби зборот фијаско е најблагиот збор кој може да се искористи во целава ситуација со вакцините кои “само што не стигнале“ во Македонија, a кои ќе не заштитат од коронавирусот.

Министерот за здравство Венко Филипче кој лани постојано го имаше на телевизиските екрани или чаршиски кажано, уште од фрижидерите не ни излегуваше, денес “жив го нема“. Денес кога светот масовно се вакцинира против коронавирусот, Македонија е единствената држава во Европа која, освен донацијата од Србија нема добиено ниту една друга вакцина.

Фијаско или класичен дебакл му се случува изминативе неколку месеци на министерот за здравство кој не чувствува ни малку морална одговорност за лагите кои ги ширеше цел овој период.

Толку од скапиот ПР, може да лаже до одредена мера, но народот не е глуп, не може постојано да му се потценува интелигенцијата. Лагите добро им поминуваа до пронаоѓањето на вакцината, а после тоа лагите ги однесе матна вода.

Но за ситуацијата да биде уште потрагична, овие лаги кои до вчера ги кажуваше Филипче и неговиот скап ПР, денес ги продолжува Зоран Заев. Венко Филипче се повлекува „во глувчешка дупка“ и на сцена излегува Зоран Заев, па така вчера дознавме дека всушност ние сме имале 2,5 милиони вакцини. Колку за информација, со толкава бројка на вакцини ќе се вакцинира повеќе од половина население во Македонија, како стојат работите, тоа е теоретски НЕвозможно.

А зошто е невозможно? Затоа што ако се следат примерите на земјите кои успеаа први да набават вакцини, Израел, САД, Велика Британија, Србија… и ако се земе бројот на жители во овие земји, ќе се види дека и не оди баш толку брзо оваа работа. Израел вчера надмина 90 проценти од вакцинирани граѓани, колку за информација во оваа земја има 2 милиони лекари, здравствениот систем слободно може да се каже дека е еден од најдобрите во светот.

Е сега, со ваков-никаков здравствен систем кој го има Македонија, ние до крајот на годината треба да вакцинираме повеќе од еден милион луѓе, ако ова не е навреда на интелигенција тогаш што е! Венко Филипче како министер за здравство, кој се уште не може да ги потроши оние 8500 вакцини кои ги добивме како донација, до крајот на годината треба да вакцинира повеќе од милион луѓе. Министре народот не е глуп и неинтилигентен. Овој народ ви даде доверба да се грижите за неговото здравје и живот, овој народ ви веруваше, а бидејќи го изневеривте редно време е од морални причини да си поднесете оставка и да се вратите на професијата на која бевте претходно.

Коронавирус