вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 169
home Вести

Скапа струја носи скап живот и сиромаштија

Скапа струја носи скап живот и сиромаштија

Одлуката што ја донесе Регулаторната комисија за енергетика пред еден месец за зголемување на цената на струјата за 7,4 проценти, односно 5,9 денари за еден киловат скапа струја предизвика бурни реакции во јавноста.

Со поскапувањето на струјата за 7,4 проценти сметките ќе пораснат во просек за 180 денари месечно односно 2.200 денари годишно. Ова значи дека секое домаќинство со просечна потрошувачка за една година ќе треба да плати дополнителни 2200 денари повеќе за струја. Ова е плус оптеретување по џебот на граѓаните. Со ова поскапување на цената на струјата дополнително оптеретува 564.000 домаќинства во Македонија годишно само по основ сметка за струја. Со поскапувањето на цената на струјата растат и трошоците за живот.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците за животот во јули 2020 година во однос на јули 2019 година, бележи зголемување од 1.3 проценти. Пораст на индексите на трошоците на животот во јули 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај лебот, житата, сувото овошје и јаткастите производи за 0.4 проценти. Кај прехранбените производи растот е за 0.3 проценти. Растот кај маслото и виното е за 0.2 проценти а кај цигарите за 0.6 проценти. Во јули, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај течните горива за домаќинствата за 35.5 проценти, а кај горивата и мазивата за сопствените превозни средства зголемувањето е за 4.6 проценти.

Граѓаните во јули имаат дополнително зголемени трошоци и кај гасот за домаќинствата за 3.2 проценти, и кај услугите за рекреација и спорт за 2.1 проценти. Раст исто така е забележан и кај велосипедите за 1.6 проценти и кај книгите за 0.9 проценти.

Според проценките на експертската јавност корона кризата ќе трае најмалку уште 6-8 месеци. Доколку не им се помогне на компаниите ова би значело дополнително отпуштање на работници, а немањето работа води кон диполнително осиромашување на граѓаните.

Коронавирус