среда, 4. август 2021. Вести денес: 162
Вонредна вест

ОГНОТ ЈА ЗЕМА ПРВАТА ЖРТВА – изгоре жена во Старо Нагоричане

home Вести

Скано од СЗО го искара Филипче: „Она што го гледаме сега во Македонија е загрижувачко“

Скано од СЗО го искара Филипче: „Она што го гледаме сега во Македонија е загрижувачко“

Претставникот на СЗО меѓу редови го искара министерот за здравство Венко Филипче. Фабио Скано вели дека тоа што гледаме сега во Македонија е загрижувачко и она што мора да го знаеме е дека додека не се најде вакцина не смее да го спуштиме гардот, изјави Скано на прес-конференцијата со Филипче во македонската Влада.

“Она што го гледаме сега во Македонија е загрижувачко и она што мора да го знаеме е дека додека не се најде вакцина не смее да го спуштиме гардот. Дејствата што ќе се преземат во наредните денови се многу важни за справување со кризата и тука сум во вистински момент. Мора да му се спротивставиме на вирусот проактивно и да бидеме пред него. Целта ми е подобро да се запознаам со состојбата на епидемијата и ефектите од мерките кои се преземаат овде”, изјави Скано.

Ова не е најдобро време за олабавување на мерките и спуштање на гардот. Напротив, треба да се прошори тоа што досега беше добро сработено во идентификување, тестирање, изолирање и трагање по контактите, вели Скано.

Претставникот на СЗО додаде и дека отворањето на границите е тешка одлука, но не можело да се прави бинарна интерпретација во однос на здравствената состојба.

Коронавирус