понеделник, 6. април 2020. Вести денес: 173
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

СКАНДАЛОЗНО: Сведоци во „Таргет-Тврдина“ добивале високи хонорари од СЈО

СКАНДАЛОЗНО: Сведоци во „Таргет-Тврдина“ добивале високи хонорари од СЈО

Двајца сведоци предложени од обвинителството во предметот „Таргет Тврдина” примиле пари од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за работен ангажман, обвинија адвокатите на Сашо Мијалков, Гордана Јанкуловска и на другите обвинети во предметот за масовното прислушување, пренесе Телма.

Едниот сведок на денешното рочиште во „Таргет Тврдина” потврдил дека бил ангaжиран од СЈО, другиот веќе сведочел минатата недела, но адвокатите подоцна дознале преку порталот „Отворени финансии“ дека и тој добил паричен надоместок.

Адвокатите ги открија сумите што ги зеле – 2000 евра и околу 22.000 евра. Обвинителите во овој предмет рекле дека првпат слушаат дека сведоците што тие ги предлагаат давале услуги за СЈО.

Судиите побарале од нив дополнителни информации за овие сведоци, па ќе одлучат дали нивните сведочења ќе бидат дел од доказниот материјал. Преседан е за сведоци да бидат предлагани лица кои претходно биле анажирани од СЈО и за тоа добивале парични надоместоци, обвинува одбраната.

Коронавирус