недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 73
home Вести

Скандалозно: СДСМ се заканува и со политичка хајка врз Мицкоски, преку соопштение признаа дека ги злоупотребуваат правосудните органи

Скандалозно: СДСМ се заканува и со политичка хајка врз Мицкоски, преку соопштение признаа дека ги злоупотребуваат правосудните органи

Главната владеачка партија – СДСМ, преку соопштение утринава на невидено скандалозен начин се закани со политичка хајка врз опозицискиот лидер Христијан Мицкоски, со директна закана дека судбинатѕа на Груевки е иднината на Мицкоски, со тоа директно алудирајќи на судските постапки кои се водат против поранешниот премиер, но и затворската казна која го чека.

Судбината на Груевски е иднината на Мицкоски, антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не можат да ги одбранат криминалите, правда ќе има, се вели во соопштението на СДСМ. Со ваквата констатација СДСМ се става во улога на извршна, заканодавна и судска власт во едно. Или директно кажано – „ Државата тоа сум јас“ , тоа е една апсолутистичка тенденција на оваа власт која откако е дојдена само презема политички прогон против неистомисленици злопутребувајќи ги органите на прогонот за политичка пресметка.

На ова реагираше ВМРО-ДПМНЕ, кои преку соопштение вратија на соопштенито на СДСМ.

– СДСМ јавно и отворено се заканува со политички прогон врз Христијан Мицкоски. СДСМ призна дека ги режира и оркестрира политичките хајки и дека судот е само инструмент во рацете на власта. Ова е преседан во светски рамки, велат од партијата.

Тие дополнително велат: – СДСМ со денешното соопштение призна дека целокупната власт во државата е во нивни раце и истата ја злоупотребуваат како сакаат и кога сакаат. СДСМ забора дека власта е менлива и минлива и дека моменталната моќ која ја имаат утре ќе ја немаат и дека за сето незаконие, закани, притисоци и уцени ќе треба да одговараат пред правосудните органи кога тие независно ќе може да си ја вршат работата.

Заканите на една политичка партија преку политички прогон кон неистомислениците е преседан, познат само за најтоталитарните режими во светот, но не и за државите и сојузите кон кои се стремиме како ЕУ и НАТО, каде важат законите и се почитува Уставот, а заканите, притисоците, и уцените се санкционираат согласно закон, без разлика од кого доаѓаат.
Како што наговестуваат и од ВМРО-ДПМНЕ, ваквите закани и уцени ќе бидат предмет на разгледување на едни растеретени правосудни органи кога владеењето на правото повторно ќе биде принцип на работа на органите на државната управа и државата воопшто.

Коронавирус