четврток, 24. јануари 2019. Вести денес: 74
home Вести

Скандалозно: Откриени вакцини со истечен рок

Скандалозно: Откриени вакцини со истечен рок

Според информации на весникот „Независен“ новите вакцини со декларации со истечен рок се најдени при инспекцискиот надзор на терен во вакциналните пунктови, еден ден пред посетата на претставници од белгискиот производител „Глаксо Смит Клајн“ од Белград. Имено директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства МАЛМЕД, Ќахил Ибраими, не открива за колку вакцини МРП со погрешно аплицирани декларации станува збор и во кои здравствени домови и градови.

Проверка се има направено и на целата документација на компанијата „Македонија лек“, која е увозник и дистрибутер на вакцината МРП до здравствените домови. Иако здравствените власти очекуваа резултатите од контролата да бидат готови порано, но велат дека ќе ги обелоденат денеска.

„Инспекторите во средата влегоа во компанијата „Македонија лек“, каде што и во текот на вчерашниот ден ја проверуваа документацијата. Треба точно да се утврди на колку вакцини им биле аплицирани декларации со истечен рок. Планираме денеска да ги имаме резултатите од контролата и да ги обелодениме. Се проверуваат и вакциналните пунктови. Ќе излеземе со точен број на вакцини што се најдени деновиве со декларации со истечен рок. Кај вакцините нема никаков проблем со рокот, сите се со важечки рок и се работи за сериозна фирма производител. Тоа што е направено со декларациите е техничка грешка. Ќе има санкции за компанијата увозник по ваквиот пропуст, тоа во моментов го разгледуваме. Во правилникот за дистрибутивна пракса разгледуваме да внесеме новини, да го прошириме за во иднина да се внимава како се дистрибуира лекот од увозникот и како се прима во здравствените домови. Да се следи дистрибутивниот синџир и точно да се дефинираат казните како за последната направена техничка грешка“, објаснил Ибраими за порталот „Независен“.