понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 154
home Вести

Скандалозно: Наставничка од Велес избркана од работа- надлежните се кријат

Скандалозно: Наставничка од Велес избркана од работа- надлежните се кријат

Додека наставниот кадар и децата се подготвуваа за новата школска година и се радуваа на новиот почеток, наставничката Даниела Тумбова ќе остане дома.

Наместо да се врати кај децата од своето одделение на кое им е последна година во клупите на основното училиште Панко Брашнаров таа доби отказ од в.д директорите на училиштата Валентина Стефанова и Трајче Малинов, пренесува Алфа.

Во кус разговор и кажале дека последната, 5 та година на нејзниот клас ќе ја води друга наставничка. Како образложение и било кажано дека нејзиното одделение ќе се спои со уште едно и повеќе немале потреба од нејзе.

Повеќе од 5 години Даниела Тумбова е профестор по одделенска настава во основното училиште Хаџи Константинов Џинот кое пред извесен период се спои со основното училиште Благој Кирков. Училиштата заедно добија нов назив, основно училиште Панко Брашнаров.

Според тврдењата на Тумбова, градоначалникот на Велес Аце Коцевски, на вработените во тогашното училиште Јордан Хаџи Константинов Џинот им ветил дека никој нема да остане без работа но по извесен период се случило токму спротивното

Алфа побара став од надлежните, испратиме прашања до кабинетот на градоначалникот на општина Велес и до основното училиште Благој Кирков, но и по 24 часа се уште немаме одговор зошто наставничката Даниела Тумбова е избркана од своето работното место.

Коронавирус