недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 49
home Вести

Скандалозно барање за контрола на телевизиите од партиска трибина на директорот на државната МИА

Скандалозно барање за контрола на телевизиите од партиска трибина на директорот на државната МИА

Скандалозно барање на директорот на државната информативна агенција МИА која од македонска стана медиумска.

Од партиска трибина на СДСМ Драган Антоновски поставен од владата за директор на МИА седејќи до највисоки партиски функционери на СДСМ побара владини институции да вршат контрола врз програмата на телевизиите пред истата да биде емитувана, нешто што во моментов се случува само во Северна Кореја.

Антоновски тврди дека има слаба контрола на медиумите коишто добиле лиценци за емитување на програма, прашувајќи дали надлежните ја провериле програмата којашто ја емитуваат, дали има контрола да се види колку имаат авторски содржини или сопствена медиумска продукција.

Директорот на Медиумската Информативна Агенција, Драган Антоновски учествувал на програмската трибина „Агенда 20 – 24 – Отворена Власт”, организирана од партијата што го номинира за директор на МИА која треба да биде непартиска и непристрасна агенција.

За настапот на Антоновски информација е објавена и на партискиот сајт на СДСМ:

“Антоновски истакна дека од голема важноста е и писменоста на новинарите.

„Тоа е сегмент на којшто треба да се обрне сериозно внимание. Многу е битно предвид да се земат забелешките на Советот за етика на медиумите и другите здруженија. Многу е битно да се види со што се соочуваат новинарите и професијата”, рече Антоновски.

Како сериозени проблеми Антоновски ги истакна и ниските плати на новинарите, односно слабо платените новинари од кои не може да се очекува до крај да бидат професионални.

„Ги купуваат бидејќи газдите очекуваат новинарите да им работат за малку пари”, додаде Антоновски.

Според Антоновски деизнформации не потекнуваат само од одредени портали и новинари, туку и од Собранската говорница потенцирајќи ја важноста на релевантноста на изворот.

„Од Собраниска говорница се кажуваат дезинформации, извртени теми што го покренува шрашањето дали треба да се пренесат сите, а треба да се биде и избалансиран. Дали треба се да оди во етер, бидејки така јас станувам само трансмитер на нешто што можеби не е вистина”, рече Антоновски.

Тој исто така детектираше слаба контрола на медиумите коишто добиле лиценци за емитување на програма, прашувајќи дали надлежните ја провериле програмата којашто ја емитуваат, дали има контрола да се види колку имаат авторски содржини или сопствена медиумска продукција, рече Антоновски”, пренесува официјалниот сајт на СДСМ.

На вчерашната трибина чијшто модератор беше советникот на Зоран Заев и националнен коодинатор за стратегиски комуникации во Владата, Марјан Забрчанец, говорници беа и Роберт Поповски, министер за комуникации, транспарентност и отчетност, Коста Петров, потпретседател на СДСМ, Снежана Трпевска, од Институтот РЕСИС – комуниколог истражувач, Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис и Драган Антоновски, МИА.

Информацијата на СДСМ за барањето на Антоновски за контрола на програмата на телевизиите на овој линк.

ИЗВОР: ЕКСПРЕС.МК

Најнови вести

Коронавирус