четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 94
home Вести

Скандалозната изјава на Заев со која ја обвини Македонија за кражба, го бранува регионот

Скандалозната изјава на Заев со која ја обвини Македонија за кражба, го бранува регионот

Изјавата на премиерот Зоран Заев дека Македонија ја присвојувала туѓата историја е топ тема во медиумите во регионот.

Да потсетиме, премиерот Зоран Заев во интервјуто објавено на грчката телевизија Алфа, а направено во Скопје, три дена пред изборите во Грција говори за точките регулирани со договорот со Грција, во однос на јазикот и словенските корени.

Оваа изјава предизвика силна реакција на социјалните мрежи, а граѓаните му забележуваат на премиерот кој, како што велат, за да им се додвори на соседите, изјави, дека сме ја присвојувале светската и балканската историја како наша, македонска.

– Во минатото обидот да се промени и извитопери нашата историја со преземање на светска, балканска и туѓа историја како наша, без да се води сметка како тоа влијае кај соседите се предизвика состојба да бидеме буквално скарани скоро со сите соседи и се затворија сите процеси за интеграција во ЕУ и НАТО – рече Заев.