недела, 27. септември 2020. Вести денес: 101
home Вести

Скандалозна распределба на судии по партиски клуч- судии обвинуваат дека Советот и новата власт се во љубовна врска

Скандалозна распределба на судии по партиски клуч- судии обвинуваат дека Советот и новата власт се во љубовна врска

Чистка во Одделот за судење на организиран криминал – судии кои постапуваа по предмети на СЈО од 1ви јануари ќе судат во Одделот за прекршоци. Промената е направена од новиот претседател на Основниот суд Скопје 1, Иван Џолев. Со новиот распоред комплетно е променет Одделот за организиран криминал –  најголем дел од судиите се префрлени на прекршоци, а само еден во одделот за малолетници. Разместените судии имаат право на приговор до Врховниот суд. Постапките по кои тие постапуваа, вклучително и оние на СЈО, ќе треба да почнат од почеток.

Од Здружението на судии велат дека моменталната состојба во судството е многу динамична, па оттука судиите не смеат да подлегнуваат на притисоци. Во однос на изборот и унапредувањето на судиите, Управниот одбор го повика Судскиот совет на РМ да ги почитува законските норми и воспоставените принципи при изборот и унапредувањето на судиите и да ги образложи донесените одлуки со цел поголема транспарентност во работењето на Советот.

„Управниот одбор не навлегува во надлежностите на Советот за утврдување на факти, но го повикува да ги почитува процедурите при работењето и да ја запази пресумпцијата на невиност при постапувањето и при комуникацијата со јавноста“, истакнуваат од Здружението на судии.

Со новите измени на Законот за судии кои ги подготвува Владата, судии ќе стануваат луѓе без никаква обука, обвинија од Академијата за судии и јавни обвинители. Според нив, оваа стратегија која Владата сака да ја протурка, повикувајќи се на реформи во судството е спротивно на препораките на Прибе.

За претседателката Арнаудовска, транспарентноста и инклузивноста на кои се повикува власта се само празни зборови кои се користат, а не се спроведуваат.

-Имаше состанок на академиите во Брисел и едно лице од Министерство за правда, пред сите таму иозјави дека се спремаат измени во Законот за судови и дека процентот на избор на академци и луѓе надвор од академијата ќе биде 60-40. Таа изјава предизвика голема вознемиреност кај нашите кандидати, 37 во академијата, кои се рпашуваат од која причина тие полагаат тешки приемни испити, квалификации, ќе учат две години, ако некој може биез ниакква обука да се протне во судтсвото, рече Арнаудовска.

Во делот на судските реформи, Владата преку имплементација на планот 3-6-9 се обврзa да изгради независен, непристрасен, професионален и ефикасен судски систем без политички притисоци.

Саити: Стравувувам од евентуалниот клиентелистички пристап на судиите кон новата власт

Врховниот судија и претседател на Здружението на судии, д-р Џемали Саити за 360 степени го коментираше новиот избор на судии на Судскиот совет кој предизвика многу реакции во јавноста и коментари дека советот се поставил да одработи во интерес на новата власт.

Тој потенцираше дека треба да се внимава во почитување на законските одредби и воспоставените процедури.

Нанев: Судскиот совет и новата власт се во љубовна врска

Судијата Лазар Нанев посочува дека досегашното искуство покажало акмисот функционира но незаконитостите се прават преку честото менување на распоредите и наместо по случаен избор се местат очекувани судии на конкретни предмети. Зад нас е тешка година кога правосудниот сустем ги покажа своите слабости Вели Нанев кој е разочаран и од курсот со кој продолжува да се движи судксиот систем.

-Судскиот совет и новата извршна власт се наоѓаа во една, би рекол романтична љубовна врска, во која што Судскиот совет со цел да се додвори на новата извршна власт, а овие другите не баре сакаат и се борат за независност, ама бога молат да ја нема независноста на Судскиот совет со цел во периодот кој што следува, своите кумчиња, другарчиња да ги сместат таму кај што треба, вели Нанев.

Коронавирус