петок, 6. август 2021. Вести денес: 0
Вонредна вест

ЦРНА СТАТИСТИКА ВО МАКЕДОНИЈА: Од коронавирус починаа 4 лица, 219 новозаразени

home Вести

Скандалозна постапка за избор на ректор на УКИМ

Скандалозна постапка за избор на ректор на УКИМ

Во последните денови, јавноста е сведок на скандалозна постапка за избор на ректор на најреномираниот универзитет во Македонија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Најпрвин, спортивно на препораките од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата и надлежните институции, постапката за избор на ректор продолжи и во време на вонредна состојба, но и во време на течење на роковите за избор на пратеници во Собранието.

Дополнително, по оставките на 5 членови и заменици членови на Универзитетската изборна комисија, Сенатот на Универзитетот, чиј мандат завршува во петок, на ден пред изборите за ректор и на ден пред крајот на мандатот, избира нови членови на Универзитетската изборна комисија.

Според засегнатите странки, очигледно е дека Сенатот, под контрола на сегашниот ректор и кандидат за нов мандат, Никола Јанкуловски, избира да служи на тесногради интереси и да ја продолжи спорната и незаконска постапка.

Одреден број факултети при УКИМ одлучиле да не спроведат избор на ректор на својата единица, токму поради спорниот процес. Според информациите на „Република“ за бојкотирање на изборот се дискутира и на многу други единици на Универзитетот.

Според, кандидатот за ректор, проф. д-р Драги Димитриевски, целиот процес треба да запре и ректор на УКИМ да се избере во транспарентна, отворена и фер постапка, со еднакви можности за претставување на сите кандидати.

-Изборот на ректор треба да биде свечен настан за УКИМ, кој треба да донесе промени од постоечкиот корумпиран и трул систем на вредности. Несвојствено е за една институција која пледира да биде репрезент на најдоброто од државата, да ни се случува избор на ректор кој е незаконски, нетранспарентен, и воден крајно сомнително. Од тоа штета имаат и наставниот кадар, и студентите, но и следниот ректор, кој и да е тоа, вели Димитриевски.

За потсетување, членовите кои си дадоа оставки од функциите, наведоа дека биле под притисок на одредени структури, како и дека се водел комплетно нетранспарентен и незаконски процес за избор на ректор. Во јавноста се споменуваат и можности за поднесување на кривични пријави против оние кои спротивно на Изборниот законик и препораките на ДКСК, би спровеле избори за ректор на универзитетот, на само дваесет дека пред Предвремените парламентарни избори. Сепак, дел од професорите со долгогодишно искуство прифтија да бидат избрани за членови на Универзитетската изборна комисија, на само ден пред одржување на изборите за ректор од Сенат кој има истечен мандат.

Коронавирус