среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 126
home Вести

Скандалозна недела на Заев и СДСМ: Секој ден се разобличуваа нивните измами

Скандалозна недела на Заев и СДСМ: Секој ден се разобличуваа нивните измами

Пред повеќе од една недела граѓаните повторно беа сведоци на една од многуте лагите на премиерот Зоран Заев и владата на СДСМ. Имено, станува збор за настанот за отварање на спортска сала во училиште во Волково.

На настанот се појави баба Перса која му укажа на Заев и градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Наумовски, која им укажа за работите кои ги ветиле за општината, а не ги исполниле. Таа посочи дека станува збор за неасфалтираните улици полни со кал.

Но, не може, а да не се спомне и случајот „Рекет“ каде беше Бојан Јовановски бараше рекет од бизнисменот Орце Камчев. На сведочењето на неговата сопруга Ана Камчева за целиот случај укажа дека за целиот вој случај го информирала тогашниот директор на УБК, Горан Николовски. Таа на сведочењето потенцираше дека и било страв да го пријави Боки 13 зошто тој постојано комуницирал со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, а пак во УБК работел сопругот на пратеничката од СДСМ, Фросина Ременски кој исто така бил близок со Боки 13.

Но, не само скандали овде, не може а да не се спомне случајот каде пред неколку дена бизнисмен бил рекетиран од братот на Зоран Заев, Вице Заев, каде му било побарано плац од 13.000 квадратни метри во близина на хотелот „Хилтон“ во Скопје.

Но, лагите на СДСМ и Заев како да не им се доволни, па градоначалникот на Скопје Петре Шилегов пред неколку дена навлезе во конфликт со жител на градот.

Незадоволниот скопјанец му се пожалил на Шилегов дека немал земено три месеци плата, при што Шилегов при што му порача: „Никад да не ме гласаш више“.

Друг скандал кој што ја отсликува работата на оваа власт е случајот со аферата „Инсулин“, каде владата и надлежните институции премолчеа за уништените 1.2 тони инсулин од кои половина тон биле со валиден рок. Тоа само отвори сомнеж дека здравствените власти уништиле веќе набавен и платен инсулин со народни пари, инсулин со валиден рок се со цел за да се создаде основа за распишување на нов тендер.

На скандалите им нема крај.

Радмила Шеќеринска заедно со Заев и Талат Џафери го посетија еден од најголемите носачи на авиони „Хари Труман“. Таа на твитер се пофали дека на авионот позади нив од ескадрилата на САД било и аплицирано и знамето на Република Македонија. Но, тоа само покажа дека заменичката на претседателот на Владата и министерката за одбрана, Шеќеринска не знае како изгледа знамето на нашата земја.

Но, за неефикасното работење на оваа влада е значаен и фактот што Венецијанската комисија ги повика властите да го преиспитаат Законот за употреба на јазиците преку консултации со сите засегнати страни. Имено од Венецијанската комисија сметаат дека овој пристап би го забавил функционирањето на целото правосудство, и може да го наруши правото на фер судење, загарантирано со Европската конвенција за човекови права.

Повеќе од очигледно е дека оваа влада единствено е насочена само кон задолжување, при што вчера преку три закони во Собранието ја задолжија државата за нови 216 милиони евра. Но тоа не беше доволно, па Заев за еден ден ја задолжи државата за плус 80 милиони, односно за само еден ден јавниот долг на државата го зголемија за само 300 милиони евра.