понеделник, 17. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Скандалозна и естрадно- политичка распределба на пари во Министерството за култура: Годинава нема пари за „Авалон“, „Оффест“ и „Џез фестивалот“

Скандалозна и естрадно- политичка распределба на пари во Министерството за култура: Годинава нема пари за „Авалон“, „Оффест“ и „Џез фестивалот“

Разочарување, неверување и гнев е резултатот од денешната програма на Министерството за култура која е објавена денес за наредната 2019 година.

Во неа се укинати досега бројните музички манифестации, а пари и директно финансирање од министерството ќе добиваат анонимни лица и фирми.

Накратко пари од буџетот на министерството оваа година нема да добијат, „Скопскиот џез фестивал“, „Оффест“, како и сите културни настани организирани од страна на „Авалон продукција“.

По тој повод на социјалните мрежи се огласи и сопственикот на продукцијата Бобан Милошески.

-Наместо да даваме поединечни одговори на сите медиуми што се јавија да бараат одговор, како е тоа можно да не` нема во годишната програма на Министерството за култура, го користам нашиот медиум за официјален одговор и во овие неколку реда ќе кажам се` што мислам за годишната програма и за статусот на годишниот проект насловен како „Авалон Колинг“ (сите наши концерти од 01.01.2019 до 31.12.2019 година) којшто го понудивме да биде поддржан од страна на ресорното министерство.

Доволно е само да се погледнат рутите на турнеите на Lenny Kravitz, Sting и на Eros Ramazzotti и да се види дека Авалон Продукција наместо да ги одржи концертите во многу поголеми маркети какви што се Хрватска и Србија, го одбра Скопје. Исто како што проектот Ohrid Calling наместо да го префрлиме на море во Албанија, од петни жили се трудиме да го задржиме во Охрид.

Со сето ова, сакавме да дадеме реален придонес во годината во која на Македонија и` се отвораат евроатлантските перспективи во сегментот на работа во којшто сакале тоа да признаат другите или не, ние како независна продукција сме најквалитетни и најпотентни во целиот регион. А кога е ресорното министерство во прашање, бевме сигурни дека ќе биде препознаено дека со овие проекти не само што даваме огромен придонес на неверојатно ниското ниво на култура во Република Македонија, туку и дека за прв пат со вакви четири сериозно големи проекти сме апсолутни регионални лидери.

Не можам да кажам дека сум изненаден, туку едноставно сум шокиран како ова не е препознаено од Министерството за култура кое нема никаква друга работа, туку да препознава и да поддржува вакви идеи.

За останатите чекори коишто ќе ги превземеме, ќе бидете благовремено известени кога ние ќе добиеме официјално известување како тоа Министерството за култура смета дека на државата не и` се потребни концертите на Sting, Lenny Kravitz, Hooverphonic, Eros Ramazzotti, Tom Odell, Горан Бреговиќ, Ohrid Calling итн, стои во неговиот статус.

Програмата на Министерството за култура предизвика разочарување и кај музичкиот новинар Тошо Филиповски кој е и автор на првата македонска музичка рок енциклопедија.

-Изгледа до тука било со мојот оптимизам-ентузијазам и желба за пишување/архивирање и објавување на материјали кои ќе ја регистрираат/одбележат историјата на Македонската Музичка Култура….пред се УРБАНА музика…..НИТУ претходните, ниту овие имаат слух/желба/визија да сочуваат дел од Македонското културно богатство…Македонската рок култура…..конкретно …”Македонска Музичка Дискографија – винили (1963-2019)”. До тука било…….не верувам дека имам сили и понатаму да пишувам…..ќе ми треба сериозно време за да се соземам…..Очигледно дека пренаивно верувам дека доаѓањето на позиција на луѓе кои пораснале низ рок сцената или и самите свиреле во бендови…..можат да ги сфатат потребите од сочувување од исчезнување на НИВНИОТ музички
ТРУД….а ги има побајаги во структурите на власт….ама сега поинаку размислуваат изгледфа…..

BY THE WAY….НАВИСТИНА очекувам некој од ОНИЕ кои се декларираат дека и мислат добро на културата во Македонија….а се сега на позиција на ВЛАСТ….да се произнесат по резултатите од овој конкурс…ЌЕ ИМААТ ЛИ ДОБЛЕСТ барем да кажат…ете, ние ја подржуваме одлуката на КОМИСИЈАТА и на МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА НА Р. МАКЕДОНИЈА…..или пак нека се оградат….ПРЕМИЕРЕ, ги читате вие овие резултати…онака попатно? После ова ќе снемаме квалитетна култура…..а не пак да ја надградиме постоечката…., стои во неговиот статус на Фејсбук.

Фронтменот на групата „Суперхикс“ Петар Младеновски на својот Фејсбук профил се огласи откако Охрид повеќе нема да дава пари за концерти на естрадни ѕвезди во екот на туристичката сезона.

-На страна попарава со резултативе на Мин.за култура денес. Ова е нешто бе луѓе за кое сум зборувал најмалку 10години. И сега заклучивме дека само одредени продукции (читај естрадно-политичка мафија) се богателе на наш грб а добар дел од колачот “лапале“ од разноразни буџети. И за што? За “грандиозни“ концерти на “странски ѕвезди“ додека домашни артисти седат по дома. И сега? Ќе ги премолчиме сите дадени милиони? Ќе заборавиме? Срамота!, пишува Младеновски.

Професорката Елка Јачева Улчар исто така не остана имуна на програмата на министерството и даде свој коментар.

-Ги гледам резултатите од Годишната програма на Министерството за култура на некојаси таму земја што не знае дали е на југ или на север…
ЗАТОА:

Очекувам реакции од одговорните во македонските културни и научни национални институции.
И од Советот за македонски јазик, исто така! 
Од МАНУ – не очекувам. Можеби, налето од Уранија во Охрид ќе ни кажат нешто за нечија изложба!
Од премиерот не очекувам. Тој е зафатен со градење на едно општество за сите во кое мнозинскиот народ во сопствената земја не е граѓанин дури ни од втор ред!
Од една поголема група новинари што се хранат на Владините јасли очекувам нов бран на релативизирање и курсеви за европско однесување исто како и во случајот со Законот за јазиците!
На здравје, Македонијо, каде и да си!
САМО ОВДЕ НЕ СИ!, стои во нејзиниот статус на Фејсбук.