недела, 18. август 2019. Вести денес: 43
home Вести

Скандалозен преседан: Судот со притисок до Собранието да биде разрешен Александар Даштевски поради утврдена дискриминација на судијката Кацарска

Скандалозен преседан: Судот со притисок до Собранието да биде разрешен Александар Даштевски поради утврдена дискриминација на судијката Кацарска

Скандалозна и невидена иницијатива од страна на Кривичниот суд е доставена пред три дена до Собранието со цел да биде разрешен Александар Даштевски за нестручно и несовесно работење, поради тоа што Комисијата за дискриминација утврдила одговорност кај судијата Добрила Кацарска во случајот со поранешната министерска за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска во предметот “Тенк“

Ваквото дискриминирање од страна на Кацарска беше потврдено и од адвокатот на Јанкуловска,  Боро Тасевски во емисијата „Отворено“ на Алфа телевизија

– “Не паметиме да се закажат повеќе судења однапред закажани во повеќе месеци, не паметиме да се работи и после 20 часот. Овде се излегува од редовниот колосек. А секое излегување погубно ќе биде за судството. Јас сум убеден дека ваква дискриминација која се случува во различни предмети ќе остане незабележана. Гордана Јанкуловска веќе докажа дискриминација кон неа во предметот Тенк. Комисијата за дискриминацијата утврди дека таа е дискриминарана врз основа на нејзиното боледување и на нејзиното мајчинство“ рече Тасевски во емисијата.

Но претседателот на судот, Иван Џолев кој беше назначен на оваа позиција веднаш откако СДСМ дојде на власт вели дека ова е преседан и апсурд во судската пракса комисија да утврдува дискриминација на судија.

„Не може судот да генерира дискриминација”, рече Џолев пред новинарите. Претставката, според Џолев, требало да ја испратат до Судскиот совет.

Но Џолев треба да знае дека ваквата преставка до Собранието е ништо друго освен притисок кон комисијата да не одлучува во постапки на сите оние кои ги нарушуваат човековите права и слободи. Судот и другите институции не се безгрешни како што кажува претседателот на Судот, Џолев. Затоа постојат и комисии кои ја контролираат нивната работа како комисијата за дискриминација која е независно дело задолжено да следи дали граѓаните на Република Македонија на било каков начин се дискриминирани во било која постапка или на било кој основ. Однесувањето на судијата Добрла Кацарска кон предметите кои ги суди но и кон обвинетите се крајно дискриминирачки и крајно непрофесионални.

Поради ваквото однесување не само на Кацарска но и на другите судии, експертите предупредуваат дека било кој од обвинетите во предметите од СЈО при евентуална тужба до судот за човекови права во Стразбур би добил позитивна пресуда додека Република Македонија би била ставена пред лието на срамот поради непочитување на основните човекови права и слободи.