среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 3
home Вести

Скандалозен оглас за работа во основно училиште во Богданци- траеше само два дена и тоа сабота и недела! (ФОТО)

Скандалозен оглас за работа во основно училиште во Богданци- траеше само два дена и тоа сабота и недела! (ФОТО)

Скандалозен оглас за работа беше објавен овој викенд.

Станува збор за оглас на општинското основно училиште „Петар Мусев“ во Богданци кое распиша оглас за вработување за повеќе позиции за рекордни два дена од викендот.

Имено во петокот на 20 ноември е ставен огласот во кој во рок од само два дена или до недела 22 ноември се бараат професор по англиски јазик, библиотекар, наставник по информатика како и советник за одделенска настава.

Кандидатите имаа рок за пријавување само од два дена, а двата за жал беа сабота и недела.

За овој скандал надлежните институции се уште молчат, а ова е повеќе од доволен доказ дека работите се изместени од колосек и дека вработувањата во државните институции, особено образованието одат по матен пат…

Коронавирус