понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 84
home Вести

Скандалозен оглас: Иако тврдеше дека има превработеност Манчевски вработува нови 35 административци

Скандалозен оглас: Иако тврдеше дека има превработеност Манчевски вработува нови 35 административци

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски едно зборува во опозиција, но сосема спротивно работи кога е на власт. Имено, иако ветуваше дека администрацијата е превработена, Манчевски вработува дури 35 административци во министерството со кое што тој раководи во моментот.

На скандалзониот оглас, во МИОА се бараат помлади соработници, виши соработници, советници, раководители на сектори, како и помошници раководители, a платата изнесува од 20.000 денари месечно до над 32.000 денари во зависност од позицијата.

Ако се земе во предвид дека Манчевски изјавуваше дека е потреба реорганизација на администрацијата се со цел да се дефинираат правата и обврските на администрацијата за таа да биде ефикасна, како и дека е потребна прераспределба на државните службеници во приватниот сектор, тогаш повеќе од јасно е дека Манчески сака да ги задоволи партиските апетити на партиските војници поради предвремените парламентарни избори, како и дека овој начин на работа се коси со нивниот таканаречен план за реформи каде што според нив истата требаше да биде професионална непартиска во функција на граѓаните на Република Македонија.

Единствена реформа што се спроведува во моментот во државните институции е партизација, па така според најновите податоци, јавната администрација се зголемила, поточно во државните институции работат над 132.000 лица што е за 3300 лица повеќе од претходната година. Заедно со вработените во јавните претпријатија и акционерските друштва со државен капитален бројот на вработени во јавен сектор изнесува 143.000 лица.

Владата на СДСМ и Манчевски останаа глуви и на препораките од страна на Европската унија каде што јасно се порача дека администрацијата е преполна.

Коронавирус