четврток, 20. септември 2018. Вести денес: 19
home Вести

СКАНДАЛОТ ПРОДОЛЖУВА: Градоначалникот на СДСМ се заканува пред деца и вработени, МВР со детали за исказот (ВИДЕО)

СКАНДАЛОТ ПРОДОЛЖУВА: Градоначалникот на СДСМ се заканува пред деца и вработени, МВР со детали за исказот (ВИДЕО)

Министерството за внатрешни работи доцна синоќа соопшти дека градоначалникот на Демир Хисар, Марјанче Стојановски, бил повикан на информативен разговор поради видео-снимката која се појави на интернет.

– Градоначалникот Стојановски во разговорот изјави дека снимката која се појавила на интернет е од протест во О.У. Гоце Делчев во Демир Хисар кој се случил во средината на месец јануари 2018  година. Протестот се одржал заради промена на две учителки во други подрачни училишта, се наведува во соопштението.

По насока на обвинителство Стојановски бил пуштен во 20:30 часот, а во врска со овој случај, од МВР информираат дека ќе се повикуваат повеќе лица на службен разговор со цел негово целосно расчистување.

Дури и да била снимката во јануари, тогаш Стојановски веќе беше градоначалник на општината и овој податок воопшто не го намалува скандалот.

СКАНДАЛ: „Заборавате дека во МВР работев и дека ве прислушкувам“ – градоначалник од СДСМ со закани кон вработените

Стојановски, им се заканува на вработените во училиштата дека ги прислушува нивните телефонски разговори и следи што прават и каде одат. Во просторијата има и мали дечиња кои го слушаат градоначалникот на СДСМ како се дере и се заканува.

-Заборавате дека во МВР работев, заборавате дека ви слушам сите телефонски јавувања. Одење од куќи и така натаму, им вели разбеснатиот Стојановски на вработените во училиштето, пренесе Лидер.

Ваквата закана на на Стојановска отвора простор за тоа дека МВР незаконски ги прислушува граѓаните, по што би требало да биде отворена истрага од страна на обвинителството.

Марјанче Стојановски на градоначалничката позиција дојде на последните избори од редовите на СДСМ. Петходно работел во Министерството за внатрешни работи.