четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Скандалот Дака-Заев-Рашковски расте: И по објавување на аферата, контактите и трансакциите со Панама продолжиле

Скандалот Дака-Заев-Рашковски расте: И по објавување на аферата, контактите и трансакциите со Панама продолжиле

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во синоќешното гостување во емисијата “Заспиј ако можеш” на Алфа телевизија на тема од каде се парите на Давидовиќ-Дака со кои ќе гради во Тетово изјави дека Дака е управител на фирма чии што сопственик е човек од Панама.

-Тоа е така затоа што се кријат и да направат перење на пари и да скријат капитал кој што најчесто доаѓа од сомнителни извори. Затоа што ако ви се чисти парите вие од Никшиќ ќе ги пуштите во Скопје. Но, ако ви се прљави тогаш од Панама ќе ги пуштите во Скопје или Тетово. За тоа имам и документ од Централен регистар дека фирмата Шик Јелак е од Панама. Како основачки влог се уплатуваат од Панама само 2 милиони евра, рече Николоски.

-Аферата јас ја објавувам на 5-ти и 6-ти септември, а веќе на 10-ти септември има 5 посети од Македонија во Панама. Пет пости од Македонија има само на 10-ти септември. Сето ова отвора многу прашања за институциите во Македонија. Дури и да го прифатиме образложението на Зоран Заев дека секој бизнисмен се бори да му се урбанизира земјиштето прашањата кои што остануваат се: Што се случи со митото за кое што слушнавме пред изборите? Дали потеклото на калитал кој што е внесен од Панама во Скопје и Тетово е чисто?- порача тој.

Меѓународната заедница се обратила до него да достави документи кои ги поседува, се заинтересирале и меѓународни новинари, се заинтересирале и релевантни политичари и институции.

-Така што Зоран Заев нема така лесно да се извлече од целата оваа ситуација. Затоа што се отвора и уште еден сомнеж за конфликт на интереси. Јавноста треба да знае за да помине еден детален урбанистички план прво треба истиот да го одобри Министерството за транспорт и врски. Тоа е одобрено за само 7 дена. Само обичен документ да извадите ви требаат месец дена. Во овој случај, за инвестиција од 200 милиони евра министерството дава дозвола за само 7 дена, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Коронавирус