недела, 9. август 2020. Вести денес: 88
home Вести

Скандали одамна се врзуваат за името на Петре Шилегов: Сомнеж дека одамна овозможил бизнис на фирма од кланот Заеви

Скандали одамна се врзуваат за името на Петре Шилегов: Сомнеж дека одамна овозможил бизнис на фирма од кланот Заеви

На социјалната мрежа „ЈуТјуб“ се појавија нови аудио снимки, на кои се слуша гласот на Зоран Заев како разговара со непознат соговорник, а во врска со неговото политичко делување, пишува Инфомакс.мк.

Според она што може да се слушне, шефот на СДСМ зборува за неговите услови за да се „договори“ со тогашниот директор на УБК Сашо Мијалков, барајќи му противуслуга за да не објавува од нелегално прислушкуваните разговори за него.

Понатаму, може да се слушне и разговор во кој соговорникот го прашува за кадровските решенија, а Заев го споменува Петре Шилегов. На ова, соговорникот вели дека Шилегов е сомнителен човек кој додека бил претседател на второстепена комисија „трпал пари“. На ова лидерот на СДСМ вели дека „знаел, апсолутно“ но дека тоа било тоа.

Јавноста памти низа скандали во кои е вмешан скопскиот градоначалник уште од времето кога беше портпарол на СДСМ па и пред тоа.

Еден од нив беше обелоденет уште во 2014-та година кога ВМРО-ДПМНЕ обвини дека портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов во времето кога на власт била оваа партија овозможил тендери да добие фирма блиска на актуелниот претседател Зоран Заев.

Сашо Трпески од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција тогаш рече дека Шилегов како претседател на второстепената комисија за јавни набавки во Владата во времето на СДСМ одлучил голем тендер да добие фирмата Јавор Шпед, чиј сопственик е близок пријател на семејството Заев.

– Ова е решението донесено на 28.11.2005 година каде што стои потписот на Петре Шилегов, а со кое жалбата за набавка на екстра лесно масло за греење за потребите на училиштата во Општина Струмица на Макпетрол се одбива и добитник на јавната набавка е фирмата Јавор Шпед – фирма блиска до кланот Заеви, посочи Трпески.

ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно праша како Шилегов успеал да се стекне со куќа од 313 м2, стан од 88 м2 и автомобили мерцедес и ауди.

– Очигледно дека наградата за трудот со раководењето со второстепената владина комисија за жалби за јавни набавки е позицијата главен адвокат и портпарол на кланот Заеви и милионерите на СДСМ. Шилегов треба да каже дали ваквите негови одлуки со кои овозможувал бизниси на луѓе од СДСМ и луѓе кои се блиски до оваа партија  се причината за несразмерно големиот имот на Шилегов, рече Трпески.

Потсетуваме на прес-конференцијата одржана на 19.03.2014

Коронавирус