среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 129
home Вести

Скандал: Во НАТО ќе нѐ претставува амбасадор за кого 450.000 Македонци се „најголемото зло“

Скандал: Во НАТО ќе нѐ претставува амбасадор за кого 450.000 Македонци се „најголемото зло“

Дане Талески е предлог за амбасадор на Македонија во НАТО, потврдуваат извори од Владата. Владата во четврток на седница ќе го потврди кандидатот за амбасадор во НАТО.

Неофицијално за Талески се согласиле и министерот за надворешни работи, Никола Димитров и претседателот Стево Пендаровски.

Талевски неодамна го навлече гневот на граѓаните на социјалните мрежи откако на емисијата „Само Вистина“ во која дебатираше со Тимчо Муцунски ги навреди гласачите на ВМРО-ДПМНЕ.

Конкретно тој изјави дека „најголемата партија во Македонија и нејзините 450.000 гласачи се најголемо зло” (21:30 од видеото).

Талески е советник на премиерот во заминување Зоран Заев.

Од независноста на земјата во 1991 година досега ниту еден политичар не навредил со толку тешка квалификација толку голем број на граѓани, во случајов гласачи на најголемата партија.