недела, 31. мај 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

СКАНДАЛ: Во екот на грип во Македонија доктори одбиваат преполна чекална болни дечиња и се однесуваат нехумано (ВИДЕО)

Доказ дека граѓаните се оставени сами на себе е следното видео во кое се гледа како и покрај полната поликлиника „Јане Сандански“ во скопски Аеродром дежурната докторка и покрај хипократовата заклетва во која се заколнуваат дека без разлика на сѐ ќе се грижат за животот на луѓето, а особено за децата тие не го почитуваат тоа.
СКАНДАЛ: Во екот на грип во Македонија доктори одбиваат преполна чекална болни дечиња и се однесуваат нехумано (ВИДЕО)

Скандалите поврзани со министерството за здравство никако да стивнат дури и во екот на грипот од кој до денеска починаа вкупно три лица.

Доказ дека граѓаните се оставени сами на себе е следното видео во кое се гледа како и покрај полната поликлиника „Јане Сандански“ во скопски Аеродром дежурната докторка и покрај хипократовата заклетва во која се заколнуваат дека без разлика на сѐ ќе се грижат за животот на луѓето, а особено за децата тие не го почитуваат тоа.

Децата со родителите во екот на грипот и алармантната состојба во целата држава речиси да не ги интересираат докторите и медицинскиот персонал кој е надвор од секоја државна контрола, особено од министерот за здравство Венко Филипче.

-Полн ходник болни деца, ама на лепотицава смената и била до 7 ипол и морала да си оди, вели зашто децата не ги донеле порано родителите…
Ако не па на децата нека им кажат и кога да се разболат!
Погледнете ја оваа бедотија од систем и поединци кој не се одзиваат за БОЛНИ ДЕЧИЊА…не па за друго!
Срамно за оваа докторка што остави полн ходник болни дечиња!
-Поликлиника Јане Сандански, стои во Фејсбук статусот на сведок кој присуствувал на овој нехуман и нечовечки однос од докторите.

Кај нас очигледно Хипократовата заклетва ништо не им значи на нашите доктори. Да се молиме Господ да не благослови, оти ако нема грижа за најмилите, што преостанува за повозрасните и изнемоштените не ни треба да помислувате…

Коронавирус