недела, 27. септември 2020. Вести денес: 36
Во живо

ВО ЖИВО: Прес-конференција на Христијан Мицкоски

home Вести

Скандал во Берово: Самохрана мајка остана без работа, била принудувана да извршува партиски задачи

Скандал во Берово: Самохрана мајка остана без работа, била принудувана да извршува партиски задачи

Самохрана мајка на двајца студенти оставена без работа. Градските власти во Берово не и го продолжија договорот за работа наставник по англиски во основното училиште „Дедо Иљо учителот“ иако речиси девет години оваа жена се бори да добие решение за вработување.

Двете дипломи на Павлина Мановска една од економскиот, друга од филолошкиот факултет за тамошните власти не се доволни за да и го трансформираат договорот од определено, на непределено. Павлина реши јавно да проговори за она што се случува во образованието.

-Буквално сите наставници што се вработени во училиштето се сите после мене, освен една наставничка. Јас секогаш сум работела на испразнето место, никогаш не сум била на замена на некој за да рече дека не сум во можност да барам трансформација или не ги исполнувам законските услови, објаснува Мановска

Мановска коментира дека образованието е местото каде се прават најголемите партиски игри. Не е член на СДСМ, но за да го задржи работното место била принудена да одработува за партијата.

-Едвај чекав да дојде промена на власта за да го решам мојот статус бидејки сум самохрана мајка. Затоа не ми е јасно, праќам порака до властите да видат какви луѓе поставиле по локалните самоуправи и по нивните општински организации, буквално да изиграваат локални шерифи по општините и да си играт со судбината на луѓето, вели Мановска.

Се обратила до народниот правобранител, ресорното министерство, побарала помош дури и од адвокат кој и сугерирал дека ваквите случаи можат да имаат правна разврска секаде, но не и кај нас. Мановска прашува зошто законот нема ист аршин.

-Неговиот одговор беше „требало јас да почекам, требало да се испитуваат објективни околности“. Епа како тој градоначалник, испитува објективни околности само за мене, а не ги испитува за неговата сопруга што ја трансформираше еден месец вракање во „Дедо Иљо Малешевски“, беше на работа во Струмица и даде трансформација. Истовремено изврши трансформација на уште две други наставнички кои имаат и помалку работен стаж од мене, вели Мановска

Алфа побара одговор и од градоначалникот на Берово, Ѕвонко Пекевски. Според него трансферот на наставничката од Пехчево во Берово и трансформацијата на работниот однос на жена му се согласно законот.

Извор: АЛФА ТВ

Коронавирус