среда, 14. ноември 2018. Вести денес: 9
home Вести

СКАНДАЛ: Владата со директно мешање во независноста на уредувачката политика на МТВ

СКАНДАЛ: Владата со директно мешање во независноста на уредувачката политика на МТВ

Владејачката СДСМ денес излезе со реакција за отворената програма на Македонската телевизија, по повод програмата за големиот празник Илинден.

Според партијата на Зоран Заев, јавниот сервис емитувал програма која упатувала пораки кои се спротивни на стратешките интереси на земјава, а како што велат, членството на ЕУ и НАТО го свела на прашање за полемика и го означила како определба на една политичка структура, наместо како генерациска определба на сите граѓани на Република Македонија.

-МТВ денеска наместо да се издигне на нивото на Денот на Републиката, одлучи да дејствува пропагандно и да ги спори државните интереси. Мора да има одговорност за дешеното неодговорно и антидржавно однесување на јавниот сервис. Програмскиот совет, директорите и уредниците, итно мора да поднесат оставки за ваквото дејствување кое е спротивно на интересите на граѓаните, стои во реакцијата на СДСМ.

МТВ најостро ги демантира наводите на СДСМ дека со денешната програма се погазени националните и стратешките интереси.

Во реакцијата од телевизијата, се вели дека јавниот сервис и годинава, како со години наназад, организираше отворена програма во која вршеше директни преноси од говорите на претставниците на државниот врв и во која, како и до сега, учествуваа историчари и се емитуваа прилози поврзани со Илинден.

-Изнесените ставови на присутните гости во студиото се нивни лични ставови. Јавниот сервис ги отфрла наводите дека со денешната програма, МТВ ги оспорила и ги довела во прашање стратешките интереси на Република Македонија и дека членството во ЕУ и НАТО го свела на полемика, како определба на една политичка структура, велат од МТВ.

Ваквата реакција на СДСМ, МТВ ја оценува како директен притисок врз нејзиното работење. Во иднина, велат од телевизијата, МТВ ќе реагира на неосновани обвинувања, без разлика од која страна доаѓаат, дали од власта или од опозицијата.