сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 74
home Вести

СКАНДАЛ: Притисок врз државната администрација- Синдикатот на МНР ги повикува вработените да излезат на марш во функција на излезност на референдумот

СКАНДАЛ: Притисок врз државната администрација- Синдикатот на МНР ги повикува вработените да излезат на марш во функција на излезност на референдумот

Вработените во јавната администрација се соочуваат со невидени притисоци во очи на референдумот за промена на уставното име.

Откако во неколку општини им беше наредено на вработените задолжително да присуствуваат на обуки на тема „Успешно спроведување на референдум“, сега следат повици од Синдикатот до вработените во Министерството за надворешни работи во недела да учествуваат на марш за поддршка на референдумот за промена на името на државата.

-Времениот Извршен одбор на Синдикатот на македонската дипломатска служба Ве повикува да се придружиме на граѓанскиот собир и да излеземе во недела, на 16.09.2018 да маршираме за европска Македонија! Маршот започнува во 13:30 часот пред зградата на Црвениот крст и ќе се маршира до зградата на Европска Унија. Во 14:00 часот пред зградата на ЕУ започнува официјалната програма на граѓанскиот собир, стои во повикот на Синдикатот.

Деновиве и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинуваа за притисоци врз јавната администрација во пресрет на референдумот.

Коронавирус