понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 154
home Вести

СКАНДАЛ-Полицаец нападнат од свој колега близок до СДСМ: „Ќе ве нема, ние сме сега на власт“

Во Свети Николе беше физички и вербално нападнат полицаец од страна на свој колега, кој му се заканил со зборовите „Ќе видите што ќе ви се случи вас, ќе ве нема, ние сме сега на власт“.
СКАНДАЛ-Полицаец нападнат од свој колега близок до СДСМ: „Ќе ве нема, ние сме сега на власт“

Функционери и членови на СДСМ, добивајќи сила што нивната партија е на власт, продолжуваат да се изживуваат и да напаѓаат каде стигнат.

Во Свети Николе беше физички и вербално нападнат полицаец од страна на свој колега, кој му се заканил со зборовите „Ќе видите што ќе ви се случи вас, ќе ве нема, ние сме сега на власт“.

Како што дознаваме, полицаецот насилник е Трајче Јованчев, а неговото име е познато од уште еден ваков инцидент за време на ланските избори. Тогаш тој со толпа симпатизери на СДСМ брутално го нападна полицаецот Орде Цветановски  и неговото семејство.

Цветановски е жртвата и во овој случај. КУРИР стапи во контакт со него за немилиот настан бидејќи иако истиот е пријавен во полиција пред два дена, ништо не е превземено против насилникот на СДСМ во Свети Николе.

Цветановски на 28-ми февруари со уште еден полициски службеник биле  со покана повикани во Основен суд Свети Николе на закажано рочиште. Кога влегле во судот, се упатиле кон судскиот полицаец, Трајче Јованчев, кој беше предводник на толпата која веќе го има нападнато за време на изборите.

Јованчев е долгогодишен истакнат и активен член на СДСМ, учесник во Шарената револуција. Неговата сопруга сега е директор на Комунална инспекција во Скопје, а нејзината сестра е секретар во Свети Николе откако СДСМ дојде на власт

-Кога влегов, јас постапив службено, се упатив кон просторијата во која се судските полицајци. Таму беше Јованчев, со кој живеам во ист влез. Отидов кај него, тропнав на вратата, му посакав само добар ден и го информирав дека сум повикан во судница. Во момент кога очекував да ме спроведе до судницата, тој ми покажа среден прст пред очи. Јас на сето тоа се воздржав, се повлеков еден чекор назад кон колегата кој беше со мене. Стана и почна да ме навредува, да се заканува и да пцуе. Ми се закануваше со зборовите „Ќе видите што ќе ви се случи вас, ќе ве нема, ние сме сега на власт“. Потоа ме турна со рацете и градите, па замина на вториот спрат на судот. Со другиот колега продолживме и од другата страна се појави обвинителот на Свети Николе  со кој требаше заедно да бидеме на судење, за истиот случај, вели Цветановски во изјава за КУРИР.

Кога се сретнал со обвинителот, веднаш го информирал со што се соочил и дека бил нападнат од вработениот. Но насилството од страна на службеникот кој се повикува на СДСМ, не престанало тука.

-Заедно со обвинителот се упативме кон вториот спрат. Седевме во чекалната, чекавме да бидеме повикани на судењето.Со мене во тој момент беа полицаецот колега, обвинителот на Свети Николе, адвокати тројца, имаше странки, оштетените во спорот. Во нивно присуство господинот Јованчев дојде до мене почна да ме навредува, да ме пцуе и да ми се заканува. Потоа ме нападна физички. Ме фати за вратот и ми нанесе телесни повреди, по што ме турна во ѕидот кон обвинителот. Тоа го видоа сите присутни, тие се сведоци на мојот напад. Кога требаше да влеземе, повторно застана на вратата и ми се закануваше. Ми ја затвори вратата, не ме пушташе да влезам во судница. Побарав да се одложи судењето, образложивме јас и обвинителот што се случи. Направија  записник. Јас пријавив во полиција да се превземат мерки, истакна тој во изјава за КУРИР.

Но, голготата започнува токму после пријавата. Полицијата не превзема ништо за да го заштити овој свој вработен, бидејќи обвинетиот е лице блиско до власта и како што велат во Свети Николе, „заштитен е како мечка“.

Според она што го дознаваме, се врши силен притисок кон сите, па дури и кон полицијата и кон обвинителот.

Згора на се, функционерите на СДСМ, сакаат нивниот сопартиец Јованчев наместо насилник, да го претстават како жртва.

– На секој му е страв да превземе мерки поради притисоци од владејачката партија. Откако јас го пријавив настанот, после 24 часа тие излегоа со кривични дела против мене до обвинителство, како јас него да сум го нападнал и да сум му ја загрозил безбедноста. Понатаму ќе има судска постапка, но што ќе биде, не знам, вели нападнатиот полицаец Цветановски во телефонски разговор за КУРИР.

Коронавирус