петок, 5. јуни 2020. Вести денес: 8
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Скандал: Патници гладни и жедни ги држат заглавени во автобус на аеродромот, додека чекаат да ги однесат во карантин (ВИДЕО)

Скандал: Патници гладни и жедни ги држат заглавени во автобус на аеродромот, додека чекаат да ги однесат во карантин (ВИДЕО)

Самир Љума снимателот на документарецот ,,Медена земја” се пожали на Фејсбук дека ги држат заглавени на Скопскиот аеродром додека чекаат да бидат сместени во карантин. Во автобусот чекаат без никаква храна и вода, а според постовите од Фејсбук настанале и инциденти во автобусот. Љума и патниците се жалат и дека не знаат каде ќе ги носат.

Ова е школски пример како не треба да се постапува со луѓе! Сличен инцидент пред неколку саати се случи и во Маврово каде исто луѓе се заглавени во автобус кои се жалат дека немаат храна, вода и дека не ги пуштаат да одат во тоалет.

20:45 Автобус број 10. Нема информации у која насока не возат. Шоферот штотоку информираше дека ако имаме шишенце со вода ќе дозволел да се пуши во автобус. Се расправам со патници ќе ме тепаат што се бунам дека не смее да се пуши во автобус. 21:05ч Информација дека наводно ќе бидеме сместени во Охрид. Луѓето бараат вода и храна, а уште не сме тргнале од аеродром Скопје. (ќе биде ко вицот “лелел колку сум жеедеееен) 21:40 сеуште сме во затворен автобус. После инцидентот помеѓу мене и дел од патниците состојбата е смирена, напиша Лума

Коронавирус