петок, 28. февруари 2020. Вести денес: 2
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Скандал од 60 милиони евра: Власта прави поткуп за земјоделците со нивни пари кои не им ги исплаќаше досега

Скандал од 60 милиони евра: Власта прави поткуп за земјоделците со нивни пари кои не им ги исплаќаше досега

СДСМ прави поткуп на земјоделците со нивни пари кои не им ги исплаќаше до сега. Ова ја фрла најтемната дамка на изборите и претставува брутална навреда на честа и достоинството на работните земјоделци, истакна Цветан Трипуновски, дополнителен заменик министер на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

-СДСМ преку Трајан Димковски сака да ги поткупи земјоделците со 60 милиони евра, со пари на земјоделците кои ги следуваат согласно закон, а не им биле исплатени изминативе три години. Алармиравме и посочувавме дека има дупка во платежната агенција од 100 милиони евра, субвенции, кои им ги должи оваа власт на земјоделците за годините 2017,2018 и 2019 година. Власта негираше и лажеше. Трајан Димковски и СДСМ велеа дека нема неисплатени субвенции, кога земјоделци излегуваа пред камера и кажуваа дека не им се исплатени субвенции ги обвинуваа за лажење, кога посочував дека десетици милиони евра од 2017,2018 и 2019 година не им се исплатени на земјоделците, негираа, рече тој и додаде:

„Со моето влегување во МЗШВ и откривањето на криминалите на Љупчо Николовски и Трајан Димковски, се исплашија и побрзаа да направат измена на програмата и сите сретства планирани во програмата за 2020 ги пренаменуваат во ставката заостанати обврски од предходни години и со тоа ја оставаат програмата празна без сретства за исплата односно за сите мерки за растително и сточарството ги оставаат со по 1000 денари“.

На 28 декември, потенцира Трипуновски, влада донела Програма за финансиска поддршка во земјоделството со која за 2020 година испланирала 20 милиони евра за покривање на заостанати долгови.

-На 10 јануари Трајан Димковски, со барање за измени во Програмата од владата побарува пренамена на средства, со што се додаваат дополнителни 40 милиони евра. Првин ја манипулираа целата јавност дека само 20 милиони евра не се исплатени, за да по 14 дена признаат дека лажеле. Љупчо Николовски и Трајан Димковски не исплаќаа три години, ниту ќе исплатеа сега. Исплатата која ја прават е со цел предизборен поткуп со 60 милиони евра, пари кои земјоделците ги следуваат согласно закон, тоа се нивни пари, не се ниту на Трајан, ниту на Љупчо, ниту на Заев. СДСМ продолжува да ги лаже земјоделците. Оваа власт има неисплатени субвенции во износ од 100 милиони евра, подвлекува дополнителниот заменик министер и додава:

„Им порачуваме на земјоделците да не подлегнуваат на притисоците и обидите за поткуп. Никој не смее да ги поткупува со нивни пари, тоа се пари кои ги следуваат и кои ќе си ги земат согласно закон. Дополнително по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт по 12 април ќе извршиме исплата на сите застанати субвенции, кои оваа власт не ги исплатила“.