вторник, 25. јуни 2019. Вести денес: 45
home Вести

СКАНДАЛ: Нема помош за трето дете, Заев и Царовска мислат дека петчлено семејство може да го помине месецот со 12.000 денари?!

СКАНДАЛ: Нема помош за трето дете, Заев и Царовска мислат дека петчлено семејство може да го помине месецот со 12.000 денари?!

Ако мајката или таткото се вработени и земаат минимална плата, за трето дете од државата нема да земат ниту денар.

Успешната мерка на минатата Влада чија цел беше зголемување на наталитетот и помош за многудетните семејства, СДСМ ја укинува.

Само најсиромашните семејства ќе добијат помош од државата за трето дете.

Челниците во Владата на СДСМ уште еднаш дрско ги понижија граѓаните. Тие сакаат да претстават дека семејство со пет членови (мајка, татко и три деца), можат со 12.000 денари да го поминат месецот. Со оваа мерка, тие директно ги казнуваат овие луѓе, па носат одлука дека повеќе од 12.000 не им требаат.

Ако земате и денар над овие 12.000 денари, државата за трето дете нема да ви даде ништо.

-Додатокот за трето дете ќе го примаат само оние кои имаат малку, а тоа е до вкупен приход од 12.000 денари или до минималната плата во семејството, истакна денеска министерката за труд и социјалната политика Мила Царовска.

Со оваа одлука, дури и на корисниците на социјална парична помош им се укинува можноста да земаат пари за трето дете во семејството.

-Сега додатокот за трето дете ќе го примаат само оние кои имаат малку, а тоа е до вкупен приход од 12.000 денари или до минималната плата во семејството. Значи ако во семејството имаат приходи до 12.000 денари тие ќе можат да го остварат правото на трето дете како што беше и во претходниот закон, а тоа е во наредните 10 години да примаат надоместок од 8.000 денари за секое трето родено дете. Што значи третото дете ќе го поддржиме и ќе платиме тоа да има поквалитен живот, но само за најсиромашните. Сите останати нема да можат да го остварат тоа право. Еднократната исплата за прво дете си останува во законот како што беше во првичното решение и за второ дете исто така даваме надоместок, рече Царовска, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата за имплементацијата на социјалната реформа.