четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 1
home Вести

СКАНДАЛ НА ПОВИДОК? Домашна фирма која се занимава со нафтени деривати треба да плати околу 2 мил евра глоба на Царина?!!

СКАНДАЛ НА ПОВИДОК? Домашна фирма која се занимава со нафтени деривати треба да плати околу 2 мил евра глоба на Царина?!!

Канал 5 ТВ дознава дека една компанија која се занимава со увоз на нафтени деривати и продажба на истите, и која неретко добива тендери од јавни претпријатија и општински компании, направила сериозен прекршок.

Имено, таа фирма при царинењето на нафтените деривати, случајно или намерно ги пријавувала деривати под „погрешна“ единица мерка, при што е направена „замена“ – килограм со литар.
Поради фактот што соодветната фирма , оваа „замена на единици мерки“ го правела подолг период , Царината пресметала дека фирмата треба да плати глоба во висина од околу 2 милиони евра!

Канал 5 ТВ го знае идентитетот на оваа компанија, и има информација дека глобата се уште не е платена од страна на прекршителот, со што, доколку се потврди како точна, ги става во нерамноправна положба останатите компании кои се занимваат со нафтениот бизнис.

Од утре , наша екипа ќе ја истражува оваа сторија , и доколку овие гореспоменати информации  се покажат како точни, навремено ќе ја известиме јавноста но и надлежните институции  како и меѓународниот фактор во Македонија.

 

Најнови вести

Коронавирус