недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 67
home Вести

СКАНДАЛ: Министерката на Заев им забрани комуникација на вработените со новата заменичка од ВМРО-ДПМНЕ

СКАНДАЛ: Министерката на Заев им забрани комуникација на вработените со новата заменичка од ВМРО-ДПМНЕ

Скандалозен допис до вработените во Министерството за финансии од министерката Нина Ангеловска, со кој им забранува да комуницираат со дополнителната заменик-министерка Гордана Димитриеска-Кочоска.

Дописот е испратен рано утрото по стапување на должност на Димитриеска-Кочоска, изгласана во Собранието како член на техничката влада, што е во согласност со Пржинскиот договор.

Ангеловска отишла дотаму што назначила и лице преку кое ќе се одвива комуникацијата со Димитриеска-Кочоска и нејзиниот кабинет.

Секоја комуникација и барања упатени од дополнителниот заменик-министер или член на неговиот кабинет кон поединечни вработени во одредени сектори мора прво да бидат одобрени од раководител на сектор и/или државен советник, а раководителот на секро/државниот советник треба да има претходно одобрување од кабинет на министер, пишува во дописот.

Со ова Ангеловска ги принудува вработените во МФ на непослушност, односно да не ги примаат наредбите од дополнителната заменик-министерка Димитриеска-Кочоска без претходно таа да ги одобри. Со ова, всушност вработените се принудени да прават кривично дело, а од друга страна, се саботира работата на Димитриеска-Кочоска.

Во согласност со Законот за Владата и Пржинскиот договор, дополнителниот заменик-министер за финансии е изгласан од Собранието и тој има врзан потпис со министерот.

Индикативно е што дописот на Ангеловска доаѓа во време кога постојат сериозни сомневања за работата на Министерството за финансии, за распределба на буџетските средства за предизборни поткупи. Што и да сака да сокрие Ангеловска заобиколувајќи ја Димитриеска-Кочоска, претставува кривично дело, а нејзиниот потпис го прави ништовен, зашто од 3 јануари ниту еден документ потпишан од Ангеловска нема моќ ако го нема потписот на нејзината заменичка.

Коронавирус