среда, 17. јули 2019. Вести денес: 136
home Вести

СКАНДАЛ: Мегафонот на Заев и СДСМ побара забрана за спорт за Столе Стоилов, го нарече свиња и куче

СКАНДАЛ: Мегафонот на Заев и СДСМ побара забрана за спорт за Столе Стоилов, го нарече свиња и куче

Мегафонот на Заев и СДСМ, Саше Ивановски-Политико побара забрана за спорт за Столе Стоилов и во својот текст на Мактел го нарече свиња и куче.

-Не само што на Столе Стоилов треба да му се одземе националниот дрес, туку треба и целосно да се забрани да се бави со професионален организиран спорт. И целосно го разбирам бесот на албанските граѓани, новинари, активисти, тие имаат целосно право да возвратат на овие свињарии на вмровското националистичко куче, Столе Стоилов. А Столе, ако сака да биде националистичка свиња, нека се бави со ракомет аматерски, и во потоа на социјални мрежи нека манифестира вмровштина колку што сака, тоа демократски треба да му биде дозволено, пишува Ивановски во текстот на Мактел.

Инаку додека Македонија ја остваруваше првата победа над Јапонија во петокот, во македонското Собрание беше изгласана промена на името, а тоа ги налути ракометарите, а најмногу Стојанче Стоилов кој јавно искажа револтот.

-Ментално нестабилни сме сите у државава што дозволуваме вака да ни прават !!!

Срам да ни е на сите….

За мене секогаш ќе биде МАКЕДОНИЈА !!!

На својот Фејсбук профил фотографија поврзана со Македонија објави и Кире Лазаров.