вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 124
home Вести

СКАНДАЛ: Машинеријата на СДСМ во улога на суд- Николовски најавува пресуди, за експертите ова е политичка хајка

СКАНДАЛ: Машинеријата на СДСМ во улога на суд- Николовски најавува пресуди, за експертите ова е политичка хајка

Љупчо Николовски, генералниот секретар на СДСМ, заедно со плејада негови сопартијци како и голем дел на општински комитети на владејачката СДСМ, денеска преку својот Фејсбук профил најавија интензивирање на судски процеси, оставајќи ја јавноста во прашалници од каде имаат информации кои ги поседуваат само судските органи.

Николовски напиша: “Нема одлагање! Туку напротив, ќе се забрзаат Титаник, Тврдина, Таргет, Транспортер, ТНТ, Титаник 2, Тортура, Тврдина 2, Насилство, Трезор, Топлик, Тендери, Тарифа, Тенк, Труст, Триста, Тотал, Траекторија, Талир, Империја, Странски Служби, Актор, Лидери, Тарифа 2, Транспортер 2, Моќник, Дизајн, Поштенска банка, Пропаганда, Империја 2, Хармонија, Базни Станици, Подарок и еден куп други“.

Редакцијата на Курир побара мислење од поранешниот јавен обвинител и правен експерт Сотир Костов. Тој вели дека несвесно со изјавата се поткопува независноста на судството, обвинителствата и судовите.

„Да, имам коментар, и тоа многу остар. Од каде му е информацијата на генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, дека нема одлагање на наведените предмети, туку напротив, ќе се забрзаат? Прашувам уште еднаш: од каде ја добил таа информација? Колку знам тој е генерален секретар на СДСМ. Значи партиски функционер на партијата на власт. Сега веќе не е државен функционер, министер, и навистина, чудна е таа негова информираност. Мене ми наликува дека тој несвесно со изјавата ја поткопува независноста на судството, обвинителствата и судовите, и на јавноста и пласира информација, што во правна држава, таа информација може да ја соопшти претседател на суд, евентуално судија кој суди повеќе од наведените предмети или пак портпарол на суд, кој соопштува потпишано соопштение од претседателот на судот. Значи, еве како функционира “реформираното судство“ на Зоран Заев. Партијата на власт, најавува темпо, интензитет и роковник (политичка хајка) за судење, а реформираните судии, после дадениот сигнал, се зафаќаат со работа, закажуваат рочишта, на кои обвинителите обвинуваат, а тие пресудуваат.“

Костов упатува низа забелешки до судските органи кои и покрај укажувањата на меѓународниот фактор, односно на амбасадорката на САД, Кејт Брнс и заменикот на државниот секретар на САД, Метју Палмер кои побараа брза истрага за случајот „Рекет“, тие решиле да заминат на одмор.

-Прво што ми текнува, е дека плажите ќе опустат, бидејќи како што знам, обвинителите, обични и специјални, и судиите се на одмор. Второ, што е многу по битно, е со кој морал, кредибилитет и авторитет, ќе обвинуваат обвинителите, кога едни се заглавени до гуша со аферата Рекет, а други, пак, наместо да постапеа по укажувањата на амбасадорката на САД, Кејт Брнс, или пак препораката на Метју Палмер, заменикот на државниот секретар на САД, добронамерни укажувања за темелна, сеопфатна, објективна и брза истрага за Рекет, тие си заминаа на одмор. И трето, и најосновно и најважно, во сите нормални правни држави, во вакви случаеви со индиции на корупција и замешаност во организиран криминал, на обвинители и судии, истите времено се суспендираат, се отстрануваат од работното место, и други нивни колеги ги заземаат нивните места, со цел превземаните дејствија да не бидат компромитирани во текот на судењето и по жалбена постапка. Во оваа смисла комплетно затаи Советот на обвинители на Република Македонија, Собранието на Р.М. и Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, вели Костов кој додава:

„Дека не зборувам напамет, за 24 часа ќе ви доставам колумна со информација за нарушениот интегритет на некои обвинители од СЈО, Вилма Русковска, Љубомир Јовески и др. А дотогаш им предлагам на новинарите што навистина сакаат да се бават со истражувачко новинарство, нека го истражуваат предметот Базни станици. Тој де што го споменува Боки Тредичи.“

Со своја реакција на својот Твитер профил се произнесе и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.

Ген. секретар на владеачка партија најавува ДИНАМИКА на одржување на cyдења и пocтапки по различни предмети во СУД. Ова е уште еден дokаз дека cyдската власт е под партиска контpoла на СДСМ и дека случајот PeКЕТ е директно поврзан со СДСМ, напиша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на Твитер.

До сега нема никаква реакција ниту пак коментар од судските органи по овие скандалозни закани од Генералниот секретар на владејачката СДСМ Љупчо Николовски.

Најнови вести