недела, 9. мај 2021. Вести денес: 113
home Вести

СКАНДАЛ: Македонска пошта се зациментира во еднојазичност – строго албански во сите подружници!

СКАНДАЛ: Македонска пошта се зациментира во еднојазичност – строго албански во сите подружници!
Posta, makedonska posta direkcija

Додека Македонија се редефинира во двојазична држава, А.Д. Македонска пошта ја зацврстува еднојазичноста. Албанскиот јазик единствен официјален во комуникацијата на Пошта, објави Република.

Вработени во подружниците од внатрешноста се јавија во редакцијата на „Република“ и нѐ известија дека по донесувањето на Законот за двојазичност, директорот на Македонска пошта, Фадис Реџепи, до подружниците од цела Македонија праќа дописи само на албански јазик.

-Ни стигнуваат дописи кои воопшто не ги разбираме, напишани само на албански јазик. Немаме вработено преведувач во нашата подружница, а во исто време ова е симптоматично, затоа што Законот за двојазичност сѐ уште не е стапен на сила, ни рече вработен во Пошта, кој сака да остане анонимен, затоа што е исплашен за своето работно место, пишува порталот.

На веб страницата на оваа компанија која е во доминантна државна сопственост не се наведени членовите Македонци во Управниот одбор.

Доколку отидете на нивната интернет СТРАНА ќе видите дека таму се поставени само членовите од ДУИ, Фадис Реџепи, Ремзи Абдулахи и Авдил Битиќи, а ги нема членовите во управниот одбор кои се Македонци:

– Ненад Јосевски, заменик генерален директор
– Сашо Пецалевски, директор за правни работи,човечки ресурси и корпоративни функции
– Данчо Стојановски, директор за информатичка технологија
– Драги Цветкоски, директор за маркетинг и продажба

Директорот Реџепи бега од одговори – не кажува зошто дописи праќа само на албански и каде се Македонците членови на управен

„Република“ се обиде да стапи во контакт со директорот на А.Д. Македонска пошта и од него лично да добие одговор дали е точно обвинувањето на вработените дека дописи праќа само на албански јазик, но кога го побаравме, на телефон на албански ни одговори неговата секретарка. Откако се претставивме и кажавме дека сакаме изјава од директорот, поради неможноста да комуницира на македонски јазик, секретарката ни даде друг телефонски број и не пренасочи да ја бараме извесна Валентина Цветкоска.

Откако прашањата и ги поставивме на вработената Цветкоска, таа ни рече дека на директорот треба прашањата да му ги поставиме преку меил, ни даде меил адреса, но откако ги испративме, добивме повратен одговор од А.Д. Македонска пошта дека меил адресата не постои. При повторниот обид да ја добиеме Цветкоска, таа беше недостапна, објави Република.

 

Коронавирус