вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

(СКАНДАЛ) Лозово виа Нирнберг: Градоначалник на СДСМ отсуствувал од работа 188 дена, од кои 175 дена бил во Германија

(СКАНДАЛ) Лозово виа Нирнберг: Градоначалник на СДСМ отсуствувал од работа 188 дена, од кои 175 дена бил во Германија

Градоначалникот на општина Лозово од редовите на СДСМ, Ацо Велковски во периодот од 17-ти ноември 2018-та година до 20-ти април годинава, верувале или не, отсуствувал од работното место цели 188 дена, покажуваат фрапантните податоци до кои дојде КУРИР.

Дали Ацо Велковски е градоначалник на општина Лозово, или пак можеби е градоначалник на некоја германска општина? За ситуацијата да биде уште поскандалозна, од отсуствуваните 188 денови од работа, Велковски дури 175 дена бил во Германија, каде што според информациите се наоѓа неговото семејство.

За споменатиот период, градоначалникот на СДСМ дури 23 пати патувал на релација Македонија- Германија (Скопје- Нирнберг), при што од работното место бил отсутен цели 175 дена, додека во останатите  13 дена отсуство Велковски бил во Србија, Романија и Охрид. При патувањата во Германија, Велковски во најмалку 6 наврати отсуствувал од работа повеќе од 10 дена.

Градоначалникот на СДСМ рекордот го има поставено во периодот август-септември минатата година, кога поради патување во Германија отсуствувал од работа цели 15 дена, додека во април овој месец, поради истата причина отсуствувал од работа 13 дена.

 

Овој градоначалник во јавноста стана познат откако се дозна дека неговата ќерка, при извлекувањето на наградите на наградна игра организирана од Општината беше најсреќна во Лозово и ја доби главната награда- шпорет!

Но тоа што не е за смеење е дека според законите во Македонија наградни игри може да организираат само трговски друштва за што треба да добијат лиценца од министерството за финансии.

Градоначалникот на Лозово не му е прв пат да биде во медиумите, но не по својата работа, туку заради скандали со насилство и мобинг спроведуван врз вработена во општината и врз вработена во општинското училиште.

ЕУРО 2020

Македонија