четврток, 16. септември 2021. Вести денес: 100
home Вести

Скандал: Кирацовски и СДСМ бараат секој директор да добие заменик со кабинет, народот да плаќа

Скандал: Кирацовски и СДСМ бараат секој директор да добие заменик со кабинет, народот да плаќа

Се предлага скандалозна измена на Законот за јавни претпријатија.

Владеачкото мнозинство предлага по скратена постапка да се донесе закон со кој во сите јавни претпријатија директорите ќе добијат заменици, кои ќе раководат со претпријатието во отсуство на директорите.

Тоа во праксата значи дека секое јавно претпријатие ќе добие заменик директор кој ќе вработи свој кабинет, а плус за него ќе треба да се одвојуваат дополнителни средства за телефон, службено возило, секретарка како и асистенти.

Во досегашното законско решение во отсуство на директорот се определувал вработен кој раководел со претпријатието.

Измените на Законот за јавни претпријатија е предлог на владеачкото мнозинство, а потписници се пратениците Александар Кирацовски од СДСМ, Реџаил Исмаили од ДУИ и Благоја Трпевски.

Неофицијално, според собраниски извори целта на новото законско решение е во сите јавни претпријатија каде има директори од СДСМ, замениците да бидат од ДУИ и обратно. Целта е, според нашите извори, ДУИ и СДСМ да си вдомат свои кадри на државна и локална сметка.

Најнови вести

Коронавирус