четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 17
home Вести

СКАНДАЛ: ЈСП во декември набавило гуми за автобусите без тендер и истиот распишан два месеци подоцна! (ФОТО+ВИДЕО)

Скандал кој речиси да не се памети во ЈСП се случил неодамна со набавка на гуми за автобусите со кои се превезуваат граѓаните на Скопје.
СКАНДАЛ: ЈСП во декември набавило гуми за автобусите без тендер и истиот распишан два месеци подоцна! (ФОТО+ВИДЕО)

Имено на ден 20.12.2019 година во период од 12:00-13:00 во автобазата Автокоманда биле истоварени од контејнер 100 гуми од марката HANKOOK AU04, а истите биле донесени без претходно склучен договор.

Тендерот за истите е објавен истиот ден во 15 часот и на истиот се јавува само еден понудувач  кој ги понудил истите гуми HANKOOK AU04.

На ден 20.01.2020 година донесени се уште 50 гуми во автобазата Автокоманда од комбе од истиот понудувач исто така без да постои договор.

На ден 21.01.2020 донесени се уште 50 гуми во истата автобаза во Автокоманда од истото комбе и понудувач без да постои договор за истите.

По објавениот тендер на ЈСП од страна на друга компанија  која се пријавила на тендерот е поднесена жалба до Државната комисија за жалби по јавните набавки, наведувајќи дека тендерската документација е дискриминаторна и не е во согласност со Законот за јавни набавки, па поради истото ќе се доведе до дискриминација на економските оператори и ограничување на пазарната конкуренција.

По жалбата ЈСП во одговор до компанијата истата ја информирало дека поради одредени пропусти и недостатоци решила да го поништи тендерот.

Со ова дефакто се потврдува дека ЈСП спровела постапка со што свесно ја ограничиле конкуренцијата, бидејќи на истиот се јавил само еден понудувач со гума од марката HANKOOK AU04 чија цена за една гума е околу 18.500 денари без ДДВ, додека во минатото истите гуми се купувале за околу 12 илјади денари без ДДВ.

По ова на ден 05.02.2020 година ЈСП објавило нов тендер за гуми со две спецификации за ист вид на гуми и доколку се погледнат спецификациите може да се заклучи дека се работи за ист тип на гуми само со ситни разлики кој веќе биле пристигнати во месец декември во ЈСП.

На истиот овој тендер се фаворизира исклучиво HANKOOK AU04 кој уште во декември месец биле донесени во автобазата во Автокоманда, а за исти такви гуми се распишал исти тендер и два месеци подоцна.

Инаку електронската аукција ќе се одржи утре на 6 март со почеток во 10 часот.

Коронавирус