среда, 16. октомври 2019. Вести денес: 142
home Вести

СКАНДАЛ: Градоначалникот Николчо Илијев во Кочани формира паралелки со само 1 (еден) ученик

СКАНДАЛ: Градоначалникот Николчо Илијев во Кочани формира паралелки со само 1 (еден) ученик

На неодамнешната седница на Советот на општина Кочани, советниците на СДСМ предводени од градоначалникот Николчо Илијев ги изгласаа предлог одлуката за давање согласност за формирање на паралелки со помалку од 24 ученици и комбинирани паралелки во општинските основни училишта и предлог одлуката за согласност за формирање на паралелки во прва година со помалку од 25 ученици во средните училишта во општина Кочани во учебната 2019/2020 година.

Бидејќи последниве години постојано се намалува бројот на учениците во основните и средните училишта, константно се намалува и бројот на ученици во паралелките, а за да може паралелките да функционираат училиштата треба да добијат согласност според Законот за средно образование и Законот за основно образование.

Минималната бројка на ученици во една паралелка во основното образование е утврдена со закон и изнесува од 20 до 34, а во средните од 25, до 24 ученици.

Рак рана во Кочани претставува се помалиот број на првачиња, но и намалениот број на уленици кои се запишуваат во средните училишта во градов. Оваа година најизразен е овој проблем поради рапидното иселување на младите од овој град. За да биде скандалот поголем градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев заедно со советниците од СДСМ ги изгласаа одлуките за давање согласност за формирање на паралелки со помалку ученици од законски предвидениот минимум, само за да можат да реализираат партиски вработувања на заслужни партиски кадри.

Иако имаше укажување од страна на советниците од опозицијата, градоначалникот Николчо Илијев замижа пред фактот дека дава согласност да бидат формирани паралелки со 2 или 3 ученика, а што е најстрашно истата согласност важи и за подрачните училишта во руралните средини каде што има паралелки со 1 ученик.