вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

СКАНДАЛ: Градоначалникот на Гази Баба ги задолжува вработените за присуство на обука за спроведување на кампања за референдумот

СКАНДАЛ: Градоначалникот на Гази Баба ги задолжува вработените за присуство на обука за спроведување на кампања за референдумот

Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски, со притисок до вработените во општината да учествуваат во кампањата за референдумот за договорот со Грција, со кој е предвидено менување на уставното име на Република Македонија во Република Северна Македонија.

Во просториите на општината вчера е оставено известување до раководителите на секторите во општината каде се вели дека е задолжително нивно присуство на обука за успешно спроведување на референдумот.

-Утре 06.09.2018 година (четврток) со почеток во 13:30 часот во големата сала на општината ќе се одржи обука на темата Успешно спроведување на референдум, од страна на професори од факултетот за Правни науки „Јустинијан Први“, при УКИМ. За реализација на оваа обука се задолжуваат со присуство раководителите на секторите  и одделенијата во општината, како и два члена на секторот кој го водат, пишува во известувањето оставено вчера, со печат од општината и потпишано од градоначалникот Георгиевски.

Советникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Трајковски на својот Фејсбук профил пишува дека е згрозен од директниот притисок кој градоначалникот го врши врз вработените во општинската администрација во однос на рефереднумот.

-Повикувам мисијата на ОБСЕ како набљудувач на процесот, како и Државната изборна комисија и МВР, веднаш да реагираат со соодветна пријава против Георгиевски.

Тој пишува и дека беззаконието во општина Гази Баба станало пракса, како и дека одговорност за кршењето на законите мора да има.

Инаку прекршување на законот има и според изборниот законик.

-Забрането е вршење и обид за вршење притисок и заплашување на гласачи или членови на нивните семејства или ним блиски лица, пишува во членот 8-б од изборниот законик.