вторник, 4. август 2020. Вести денес: 84
home Вести

СКАНДАЛ: Државната новинска агенција крши изборен молк!

СКАНДАЛ: Државната новинска агенција крши изборен молк!

Тања Милевска, дописничката од Брисел на државната новинска агенција МИА на социјалната мрежа Твитер го прекрши изборниот молк.

Милевска, на англиски јазик пишува твитови во кои ја споменува едната од политичките партии и отворено агитира за другата.

Таа вели дека биле приведувани активисти од полицијата затоа што се шегувале, иако истите беа повикувани на разговор затоа што на социјалните мрежи правеа кривично дело “изборна измама”.

Имено, приведените давале насоки за гласање со кои би се создавале неважечки ливчиња и така во заблуда ги ставале гласачите на една политичка партија.

Редакцијата на Лидер нема да ги објави пишувањата на Милевска, затоа што тоа би значело кршење на предизборниот молк. Но ова однесување на претставник на државна новинска агенција, мора да биде нотирано.

Коронавирус